Покана за проектен форум
ПОКАНА
Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети, Фаза 2“, Општина Шуто Оризари има чест и задоволство да Ве покани на Проектниот форум, кој ќе се одржи на 15.09.2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во салата на Општина Шуто Оризари.
Проектниот форум претставува можност за отворен дијалог помеѓу граѓаните, претставниците на локалната самоуправа, граѓанските организации и другите засегнати страни. На форумот ќе бидат презентирани целите и активностите на проектот „Зајакнување на општинските совети, Фаза 2“, како и процесот на идентификување на локалните приоритети и подготовката на проектни иницијативи кои ќе придонесат за развојот на општината.
Преку форумскиот процес, граѓаните ќе имаат можност активно да учествуваат во утврдувањето на приоритетните потреби на локалната заедница, да предложат идеи и решенија и да дадат свој придонес во креирањето на проектни предлози кои одговараат на потребите на жителите на Општина Шуто Оризари.
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, претставници на институции, граѓански организации, деловната заедница и медиумите да присуствуваат и активно да се вклучат во форумската дискусија.
Вашето присуство и учество ќе придонесе кон креирање подобри и поодржливи решенија за развојот на Општина Шуто Оризари.