Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на неопределено работно време во ЈОУДГ „8-Ми Април

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на неопределено работно време во ЈОУДГ „8-Ми Април

Јавна општинска установа за деца
Детска градинка „8-МИ АПРИЛ“- Шуто Оризари

Врз основа на членовите 22 и 23 од Законот за работните односи, член 143 од Законот за заштита на децата, особено членовите 136, 142 и 143, членовите 10 и 20 од Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата, Актот за внатрешна организација и систематизација на работните места на ЈОУДГ „8 Април“ – Општина Шуто Оризари, како и известувањето – финансиска согласност на Министерството за финансии, архивски број 19-5546/2 од 27.07.2026 година, дадено по барање број 04-4476/2 од 13.07.2026 година, директорот на ЈОУДГ „8 Април“ – Општина Шуто Оризари објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на неопределено работно време
Бр. Работно место Број на лица Работен однос
1. Воспитувач-приправник – ниво В4 2 (две) Неопределено време
2. Неговател-приправник – ниво Д4 2 (две) Неопределено време
1. ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
  1. да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. да е полнолетен;
  3. да има општа здравствена способност за работното место;
  4. да го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
  5. да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
  6. да не е осудуван со правосилна судска пресуда за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување малолетно лице, родосквернавење или кривично дело против половата слобода, без оглед на изречената санкција, како и да нема утврдено дискриминаторско однесување согласно со закон;
  7. да ги исполнува и другите услови утврдени со закон и со актите на Установата.
2. ПОСЕБНИ УСЛОВИ
2.1. Воспитувач-приправник – ниво В4 – 2 (два) извршители
  1. завршено соодветно високо образование: дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание или дипломиран педагог, со стекнати 240 кредити според ЕКТС, односно завршено високо образование VII/1 степен, согласно со Законот за заштита на децата и актот за систематизација;
  2. важечка лиценца за работа за воспитувач;
  3. со или без работно искуство во струката, согласно со член 136 став (8) од Законот за заштита на децата.

Распоред на работното време:

  1. работни денови: понеделник – петок;
  2. 40 работни часа неделно;
  3. работното време се организира во смени, согласно со распоредот на Установата.

Паричен износ на основната нето-плата: 45.100,00 денари.

2.2. Неговател-приправник – ниво Д4 – 2 (два) извршители
  1. завршено четиригодишно средно образование: средно медицинско училиште, средно образование – насока гимназија, средно музичко училиште, средно ликовно училиште или средно фискултурно училиште, согласно со Законот за заштита на децата и актот за систематизација;
  2. важечка лиценца за работа за неговател;
  3. со или без работно искуство во струката, согласно со член 136 став (10) од Законот за заштита на децата.

Распоред на работното време:

  1. работни денови: понеделник – петок;
  2. 40 работни часа неделно;
  3. работното време се организира во смени, согласно со распоредот на Установата.

Паричен износ на основната нето-плата: 30.450,00 денари.

3. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
  1. своерачно потпишана пријава, со задолжително наведување на работното место за кое кандидатот се пријавува;
  2. кратка биографија (CV);
  3. уверение за државјанство;
  4. диплома или уверение за завршено соодветно образование;
  5. важечка лиценца за работа за воспитувач, односно за неговател;
  6. лекарско уверение за општа здравствена способност;
  7. уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
  8. други докази потребни за потврдување на исполнетоста на законските услови, доколку ги побара Комисијата во текот на постапката.

Документите се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар. Уверенијата и потврдите треба да бидат во важност на денот на пријавувањето.

4. РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Јавниот оглас трае осум (8) работни дена, сметано од денот на неговото објавување во дневните весници.

Пријавата со потребната документација се доставува лично во архивата на ЈОУДГ „8 Април“ – Општина Шуто Оризари или по пошта, во затворен плик, на адреса: ул. „Хаџи Јован Шишко“ бр. 49, 1000 Скопје, со назнака: „За Јавен оглас за вработување – НЕ ОТВОРАЈ“ и задолжително наведување на работното место за кое се аплицира.

Ненавремените, нецелосните и неуредните пријави нема да бидат разгледувани. Изборот ќе се изврши во рокот утврден со закон. Кандидатите ќе бидат известени за исходот од постапката согласно со важечките прописи.

Напомена: Кандидат кој сака да се пријави за повеќе работни места поднесува посебна пријава и комплетна документација за секое работно место.

В.Д. Директор
________________________
Езѓан Мемедов

Превземи го официјалниот документ.