ЈАВЕН ПОВИК за финансирање програми и проекти на спортски здруженија од буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година
Ј А В Е Н П О В И К
за финансирање програми и проекти на спортски здруженија од Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година
1. Предмет на Јавниот повик
Предмет на Јавниот повик е распределба на расположливите средства од Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година, наменети за поддршка на програми и проекти од областа на спортот. Средствата се доделуваат за активности кои придонесуваат за развој на спортот, вклучување деца и млади во спортски активности и збогатување на спортската понуда на територијата на Општина Шуто Оризари.
2. Право на учество
Право на учество имаат спортски здруженија кои:
- се регистрирани за вршење дејност од областа на спортот;
- делуваат на територијата на Општина Шуто Оризари;
- постојат најмалку една година;
- имаат најмалку 5 активни членови/спортисти;
- имаат континуирани спортски активности во последната година;
- немаат доспеани и неплатени даночни обврски;
- немаат утврдена злоупотреба или ненаменско користење претходно доделени буџетски средства.
3. Приоритет при финансирањето
При оценувањето предност ќе имаат програми и проекти од помалку застапени или недоволно развиени спортски дисциплини на територијата на Општина Шуто Оризари.
Особено ќе се вреднуваат програми и проекти од областа на боксот, ракометот, кошарката и други спортски дисциплини кои придонесуваат за проширување на спортската понуда и вклучување поголем број деца и млади.
Овој приоритет не го исклучува правото на учество на здруженијата од другите спортски дисциплини.
4. Потребна документација
Кон пријавата се доставува:
- пополнета и потпишана пријава;
- тековна состојба, не постара од три месеци;
- решение или друг доказ за вршење спортска дејност;
- доказ за најмалку една година постоење;
- потврда од Управата за јавни приходи за немање доспеани и неплатени даночни обврски;
- изјава дека здружението нема злоупотребено или ненаменски користено буџетски средства;
- список на најмалку 5 активни членови/спортисти, заверен од одговорното лице;
- програма или проект за кој се бара финансиска поддршка;
- финансиски план за реализација на програмата или проектот.
Пријавите со нецелосна документација нема да се разгледуваат.
5. Оценување и избор
Пријавите ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Шуто Оризари. При оценувањето ќе се земат предвид:
- квалитетот и изводливоста на програмата или проектот;
- бројот на опфатени корисници;
- вклучувањето деца и млади;
- досегашното искуство на здружението;
- оправданоста на финансискиот план;
- придонесот кон развојот на помалку застапените спортски дисциплини.
Врз основа на предлогот на Комисијата, Градоначалникот донесува одлука за распределба на средствата.
Со избраните здруженија ќе биде склучен договор за користење на доделените средства.
6. Рок и начин на доставување
Јавниот повик трае 10 дена, сметано од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Шуто Оризари.
Пријавите се доставуваат:
- лично во архивата на Општина Шуто Оризари, или
- препорачано по пошта на адреса:
ул. „Хаџи Јован Шишко“ бр. 36
1000 Скопје
со назнака:
Ненавремените и нецелосните пријави нема да се разгледуваат.
Доколку се утврди дека апликантот доставил неточни податоци или ненаменски ги користел доделените средства, средствата ќе бидат вратени, а здружението нема да може да добива финансиска поддршка од Општината во наредните три години.
НА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ