Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 ЈАВЕН ОГЛАС за избор на директор на ЈОУДГ „8 Април“ – Шуто Оризари

ЈАВЕН ОГЛАС за избор на директор на ЈОУДГ „8 Април“ – Шуто Оризари

ЈОУДГ „8 – МИ АПРИЛ“
osmiaprilgradinka@gmail.com

ЈОУДГ 8-ми Април Лого

ЈАВНА ОПШТИНСКА УСТАНОВА ЗА ДЕЦА
ДЕТСКА ГРАДИНКА „8-МИ АПРИЛ“ – ШУТО ОРИЗАРИ, СКОПЈЕ

Врз основа на член 116, член 120 и член 123 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 17/2025 и 132/2025), Статутот на ЈОУДГ „8 Април“ – Шуто Оризари и Одлуката на Градоначалникот на Општина Шуто Оризари бр. 09-313/1 од 01.07.2026 година, Управниот одбор на ЈОУДГ „8 Април“ – Шуто Оризари, објавува

Ј А В Е Н   О Г Л А С

за избор на директор на ЈОУДГ „8 Април“ – Шуто Оризари

Се објавува јавен оглас за избор на директор на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „8 Април“ – Шуто Оризари.

I. Мандат

Директорот се избира за мандат од четири (4) години, со можност за повторен избор, согласно Законот за заштита на децата.

II. Услови за избор

За директор може да биде избрано лице кое:

  • ги исполнува општите услови за вработување утврдени со закон;
  • ги исполнува условите утврдени во член 142 од Законот за заштита на децата;
  • има завршено високо образование со стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити или VII/1 степен;
  • ги исполнува условите утврдени во Законот за:
    • воспитувач;
    • стручен работник;
    • стручен соработник;
    • лице со завршен филолошки факултет – наставна студиска програма и специјалистички студии за предучилишни педагози;
    • правник;
    • социолог; или
    • економист,
    со високо образование (240 ЕКТС или VII/1 степен);
  • има најмалку пет (5) години работно искуство по дипломирањето;
  • поседува важечка лиценца за директор на установа за деца;
  • поседува доказ за активно познавање на странски јазик, и тоа:
    • TOEFL iBT – најмалку 74 бода;
    • IELTS – најмалку 6 бода;
    • ILEC (Cambridge English: Legal) – најмалку ниво А2;
    • FCE (Cambridge English: First) – положен;
    • BULATS – најмалку 60 бода;
    • APTIS – најмалку ниво Б2;
    или
    сертификат/уверение со кое се потврдува познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија – англиски, француски или германски јазик, согласно Законот.

III. Потребни документи

Кандидатите кон пријавата задолжително приложуваат:

  1. Пријава за учество на јавниот оглас;
  2. Кратка биографија (CV);
  3. Диплома за завршено високо образование (заверена копија);
  4. Уверение за државјанство;
  5. Извод од матична книга на родените;
  6. Потврда или уверение за работно искуство од најмалку пет години по дипломирањето;
  7. Важечка лиценца за директор на установа за деца;
  8. Сертификат или уверение за познавање на странски јазик;
  9. Програма за работа и развој на ЈОУДГ „8 Април“ – Шуто Оризари за четиригодишниот мандат;
  10. Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
  11. Уверение за државјанство.

IV. Рок за пријавување

Рокот за поднесување на пријавите е 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

V. Начин на поднесување

Пријавите со целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака:

„Пријава за јавен оглас за izbor на директор на ЈОУДГ „8 Април“ – НЕ ОТВОРАЈ“

на адреса:

ЈОУДГ „8 Април“ – Шуто Оризари
ул. Хаџи Јован Шишко 49, 1000 Скопје

или лично во архивата на установата.

VI. Постапка по јавниот оглас

По истекот на рокот за пријавување:

  • тричлената комисија формирана од Управниот одбор ќе изврши преглед на пристигнатата документација;
  • кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју;
  • Управниот одбор ќе спроведе интервју со кандидатите;
  • Управниот одбор, во рок од седум дена од извршеното интервју, ќе му предложи на Градоначалникот на Општина Шуто Оризари еден кандидат за избор на директор, согласно член 123 од Законот за заштита на децата.

Некомплетните и ненавремено поднесени пријави нема да бидат разгледувани.

 
УПРАВЕН ОДБОР
на ЈОУДГ „8 Април“ – Шуто Оризари
Претседател
Снеже Симоновска