Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 Општина Шуто Оризари на 20 јули ја започнува првата форумска сесија во соработка со МЛС, УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)

Општина Шуто Оризари на 20 јули ја започнува првата форумска сесија во соработка со МЛС, УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)

С О О П Ш Т Е Н И Е

Општина Шуто Оризари на 20 јули ја започнува првата форумска сесија во соработка со МЛС, УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)

Општина Шуто Оризари ја информира јавноста, медиумите и граѓаните дека на 20 јули 2026 година официјално започнува првата форумска сесија од новиот инклузивен форумски процес.
Оваа значајна иницијатива, која на граѓаните им овозможува директно да учествуваат во креирањето на локални политики, се реализира во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Општина Шуто Оризари и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Преку овој форумски процес, жителите на Шуто Оризари добиваат директна можност да ги детектираат клучните предизвици во својата заедница, да предложат конкретни решенија и преку транспарентно гласање да одлучат кои проекти ќе бидат финансирани и реализирани со поддршка на меѓународните партнери, централната власт и локалната самоуправа.
Општина Шуто Оризари упатува отворен повик до сите граѓани, претставници на невладини организации, локални бизниси и медиуми да земат активно учество на оваа прва сесија. Нивниот глас, идеи и предлози се од суштинско значење за идниот рамномерен развој и подобрувањето на квалитетот на живот во општината.

Првата форумска сесија ќе се одржи под следните детали:

Датум: 20 јули 2026 година (понеделник)
Час: 14:00 часот
Локација: Сала за состаноци на Општина Шуто Оризари