Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 Одлука за одобрување и донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт С.07 во Општина Шуто Оризари – Скопје

Одлука за одобрување и донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт С.07 во Општина Шуто Оризари – Скопје

Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт С.07

Советот на Општина Шуто Оризари донесе Одлука за усвојување на Детален урбанистички план за Градска четврт С.07, со што се создаваат услови за понатамошен урбан, економски и инфраструктурен развој на ова подрачје.

Донесувањето на урбанистичкиот план претставува значаен чекор во уредувањето на просторот, бидејќи истиот ги дефинира условите за идна изградба на станбени објекти, деловни и комерцијални содржини, лесна индустрија, складишни капацитети и неопходната сообраќајна и комунална инфраструктура.

Планот е изработен согласно Законот за урбанистичко планирање, по претходно спроведена законска постапка и добиена согласност од Министерството за транспорт, со што се обезбедуваат услови за планско користење на просторот, привлекување инвестиции и одржлив развој на општината.

Со неговото донесување се отвораат нови можности за економски развој, подобрување на урбаното живеење и реализација на идни јавни и приватни инвестиции во Општина Шуто Оризари.

Совет на општина Шуто Оризари-Konsili ki komuna Šuto Orizari-Këshilli I komunës Shuto Orizari

Република Северна Македонија-Republika Utarali Makedonija-Republika e Maqedonisë së Veriut

Бр- No-Nг. 08-298/27

30.06.2026 год- berš-viti

СКОПЈЕ- SKOPJE-SHKUP

Врз основа на член 93 и добиената согласност од Министерството за транспорт со арх.број 21-2989/2 од 09.04.2026 година прикачена на информацискиот систем е-урбанизам на ден 22.04.2026 година со постапка број 39701, а во согласност со член 27 став (8) од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр 32/20 111/23 и 171/24 224/24, 40/25 и 101/25) и врз основа на своите овластувања, Градоначалникот на Општина Шуто Оризари го доставува до Советот на Општина Шуто Оризари Предлогот на Конечниот Детален урбанистички план за Градска четврт С.07 за донесување, а Советот на општина Шуто Оризари на својата седница одржана на ден 26.06.2026 година, донесе:

ОДЛУКА

за одобрување и донесување на Детален Урбанистички план за Градска четврт С.07 во Општина Шуто Оризари Скопје

Член 1

Со оваа одлука се одобрува и донесува Деталниот Урбанистички план за Градска четврт С.07 во Општина Шуто Оризари Скопје, со плански период (2021-2026), со површина на опфатот од 30.97 ха, изработен од „ИН-ПУМА” доо Скопје со тех.бр.70/2021.

Член 2

Составен дел на оваа Одлука е текстуалниот и графичкиот дел на Деталниот Урбанистички план за Градска четврт С.07 во Општина Шуто Оризари Скопје, согласно елаборатот за донесување на планот заведен во информацискиот систем е-урбанизам.

Член 3

Одобрениот и донесен Детален Урбанистички план ќе се чува во архивата на Општина Шуто Оризари и ќе биде јавно достапен преку информацискиот систем е-урбанизам и официјалната веб страна на Општината www.sutoorizari.gov.mk за понатамошна постапка.

Член 4

Оваа Одлука стапува во сила од денот на објавувањето во службен гласник на Општина Шуто Оризари и на веб страната на Општината www.sutoorizari.gov.mk.

Совет на Општина Шуто Оризари

Претседател

Јаше Сефер, с.р.


„Градоначалник на општина Шуто Оризари- Šerutno ki komuna Šuto Orizari-Kryetari I komunës Shuto Orizari,,

„Република Северна Македонија- Republika Utarali Makedonija-Republika e Maqedonisë së Veriut,,

Бр- No-Nг. 09-298/28

30.06.2026год-berš-viti

СКОПЈЕ- SKOPJE-SHKUP

Врз основа на член 50, став 1, точка 3 и 16 од Законот за Локална самоуправа („Службен весник на РМ” бр.05/02 и „Службен весник на РСМ” бр.202/24) и член 45, точка 2 и 12 од Статутот на општина Шуто Оризари, („Службен гласник на Општина Шуто Оризари” бр.01/97), Градоначалникот на општина Шуто Оризари донесе:

РЕШЕНИЕ

За прогласување и објавување на Одлуката за одобрување и донесување на Детален Урбанистички план за Градска четврт С.07 во Општина Шуто Оризари Скопје

Член 1

Се прогласува и објавува Одлуката за одобрување и донесување на Детален Урбанистички план за Градска четврт С.07 во Општина Шуто Оризари Скопје, што Советот ја донесе на Седницата одржана на 26-ти Јуни 2026 година.

Член 2

Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на општина Шуто Оризари” и на веб страната www.sutoorizari.gov.mk.

Градоначалник на

Општина Шуто Оризари

Дудуш Курто, с.р.