Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 Одлука за прифаќање на Иницијативата за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје

Одлука за прифаќање на Иницијативата за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје

Одлука за прифаќање на Иницијативата за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје

Советот на Општина Шуто Оризари ја прифати Иницијативата за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје со цел заедничка подготовка, проектирање, финансирање и реализација на инфраструктурни проекти од особено значење за општината.

Со оваа одлука се започнува постапката за воспоставување институционална соработка преку која Град Скопје ќе може да учествува во подготовката на проектна документација, обезбедување финансиски средства и реализација на повеќе капитални инфраструктурни зафати.

Предмет на иницијативата се реконструкција и рехабилитација на повеќе улици, изградба на водоводна и фекална канализациона мрежа, како и подобрување на комуналната инфраструктура во различни делови на Општина Шуто Оризари.

Целта е создавање поквалитетна патна и комунална инфраструктура, подобрување на безбедноста во сообраќајот, полесен пристап до јавните услуги и создавање подобри услови за живот на жителите. По евентуалното прифаќање на иницијативата и од страна на Советот на Град Скопје ќе следува склучување договор за меѓуопштинска соработка со кој детално ќе бидат уредени правата и обврските на двете институции.

Совет на општина Шуто Оризари-Кonsili ki komuna Šuto Orizari-Këshilli I komunës Shuto Orizari

Република Северна Македонија-Republika Utarali Makedonija-Republika e Maqedonisë së Veriut

Бр- No-Nг. 08-298/25

30.06.2026 год- berš-viti

СКОПЈЕ-SKOPJE-SHKUP

Врз основа на член 14 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/2002), членовите 4, 5, 6 и 9 од Законот за меѓуопштинска соработка („Службен весник на РМ” бр. 79/2009), член 12, член 36 и член 61 од Статутот на Општина Шуто Оризари, а по Иницијативата на Градоначалникот на Општина Шуто Оризари за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје, Советот на Општина Шуто Оризари на 7-ма седница одржана на 26.06.2026 година, донесе

ОДЛУКА

за прифаќање на Иницијативата за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Шуто Оризари и Град Скопје и утврдување предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка

Член 1

Со оваа Одлука Советот на Општина Шуто Оризари ја прифаќа Иницијативата на Градоначалникот на Општина Шуто Оризари за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Шуто Оризари и Град Скопје заради подготовка, проектирање, финансирање и реализација на инфраструктурни проекти од заеднички интерес.

Член 2

Советот на Општина Шуто Оризари утврдува Предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за подготовка на техничка документација, проектирање, обезбедување финансиски средства, реконструкција, рехабилитација, адаптација и изградба на следните инфраструктурни објекти:

  1. Реконструкција и рехабилитација на улица „Македонско-косовска бригада” – 19;
  2. Реконструкција и рехабилитација на улица „Македонско-косовска бригада” – 38;
  3. Реконструкција и рехабилитација на улица „Македонско-косовска бригада” 50, крак 1;
  4. Реконструкција и рехабилитација на главната улица во населено место Горно Оризари;
  5. Реконструкција и рехабилитација на улица „Гвадалахара” – крак 2;
  6. Реконструкција, рехабилитација и адаптација на улица „Смилевска” и сите нејзини краци на подрачјето на Општина Шуто Оризари;
  7. Изградба на водоводна линија на улица 37 и Мак- кос бригада 19 во Општина Шуто Оризари.
  8. Реконструкција и рехабилитација на ул Македонско косовска бригада 33;
  9. Реконструкција и изградба а фекална канализација на македонскокосовска бригада 19.

Член 3

Предложената меѓуопштинска соработка има за цел подобрување на локалната патна и комунална инфраструктура, подобрување на безбедноста во сообраќајот, подобрување на условите за живот на граѓаните, обезбедување непречен пристап до јавните услуги, како и обезбедување за рамномерен инфраструктурен развој на сите делови на градот Скопје.

Член 4

Советот на Општина Шуто Оризари предлага Град Скопје да учествува во подготовката на проектната документација, обезбедувањето финансиски средства, спроведувањето на постапките за јавни набавки, стручниот надзор и реализацијата на проектите наведени во член 2 од оваа Одлука, согласно Законот за меѓуопштинска соработка и Договорот за меѓуопштинска соработка кој ќе биде склучен помеѓу двете единици на локалната самоуправа.

Член 5

Се овластува Градоначалникот на Општина Шуто Оризари да ја достави оваа Одлука, заедно со Иницијативата и Образложението, до Советот на Град Скопје заради разгледување и донесување соодветна одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка.

Член 6

По прифаќањето на иницијативата од страна на Советот на Град Скопје, двете единици на локалната самоуправа ќе пристапат кон подготовка и склучување на Договор за меѓуопштинска соработка со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски, начинот на финансирање, динамиката на реализација, надзорот над изведбата и другите прашања од значење за спроведување на соработката.

Член 7

Оваа Одлука стапува во сила од денот на објавувањето во службен гласник на Општина Шуто Оризари и на веб страната на Општината www.sutoorizari.gov.mk

Совет на Општина Шуто Оризари

Претседател на Совет

canе Сефер, с.р.


„Градоначалник на општина Шуто Оризари- Šerutno ki komuna Šuto Orizari-Kryetari I komunës Shuto Orizari,,

„Република Северна Македонија- Republika Utarali Makedonija-Republika e Maqedonisë së Veriut,,

Бр- No-Nr. 09-298/26

30.06.2026год-berš-viti

СКОПЈЕ- SKOPJE-SHKUP

Врз основа на член 50, став 1, точка 3 и 16 од Законот за Локална самоуправа („Службен весник на РМ” бр.05/02 и „Службен весник на РСМ” бр.202/24) and член 45, точка 2 и 12 од Статутот на општина Шуто Оризари, („Службен гласник на Општина Шуто Оризари” бр.01/97), Градоначалникот на општина Шуто Оризари донесе:

РЕШЕНИЕ

За прогласување и објавување на Одлуката за прифаќање на Иницијативата за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Шуто Оризари и Град Скопје и утврдување предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка

Член 1

Се прогласува и објавува Одлуката за усвојување на Одлуката за прифаќање на Иницијативата за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Шуто Оризари и Град Скопје и утврдување предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка, Советот ја донесе на Седницата одржана на 26-ти Јуни 2026 година.

Член 2

Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на општина Шуто Оризари” и на веб страната www.sutoorizari.gov.mk.

Градоначалник на

Општина Шуто Оризари

Дудуш Курто