Објавен е Предлог-буџетот за 2026 година на јавен увид. Сите заинтересирани граѓани имаат можност да достават свои предлози, сугестии и мислења најдоцна до 24 декември 2025 година
Општина Шуто Оризари го објавува Предлог-буџетот за 2026 година и го става на јавен увид за сите заинтересирани граѓани од општината.
Сите заинтересирани граѓани имаат можност да достават свои предлози, сугестии и мислења со цел подобро планирање и унапредување на локалниот развој.
Предлозите може да се достават најдоцна до 24 декември 2025 година – Среда, по електронски пат на е маил адреса: info@sutoorizari.gov.mk или преку Архивата во просториите на Општина Шуто Оризари.
Вашето учество е важно за креирање транспарентен и квалитетен буџет.