Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 На првата Седница на Советот на општина Шуто Оризари одржана на 25.12.2025 година едногласно е усвоен Буџетот за 2026 година на општина Шуто Оризари.

На првата Седница на Советот на општина Шуто Оризари одржана на 25.12.2025 година едногласно е усвоен Буџетот за 2026 година на општина Шуто Оризари.

Во рамките на своите активности и задачи на 25 декември 2025 година со п-очеток од 10.00 часот, се одржа првата седница на Советот на општината Шуто Оризари. Главната тема на состанокот беше усвојување на Предлог буџетот на општината Ш.Оризари за тековни планирани активности и реализација на проекти насочени за потребите на самата општина и нејзините граѓани. На својата Прва седница на Совето0т на општината раководеше Претседателот на Советот на општината Јаше Сефер, во присуство на Градоначалникот Курто Дудуш и присутни 18 советници на општината. Се усвојуваа 38 Предлог одлуки каде советниците на општината едногласно ги усвоиа сите.

Инаку Буџетот е со развоен карактер и насочен кон потребите на граѓаните од општината. Воедно истиот за прв пат беше 10 дена поставен за јавна расправа на website -от на општината. Во буџетот се предвидени бројни проекти насочени кон подобрување на условите за живот во повеќе области и тоа: – Во делот на комунални дејности предвидени се проекти кои опфаќаат: – Реконструкција на 61 улица со краци – Изградба на фекална канализација во 6 улици – Изградба на атмосферска канализација во 4 улици – Во делот на спортот и спортските активности предвидена е финансиска поддршка на нашите спортски клубови во висина од 1.000.000,00 ден што е за 700.000,00 денари повеќе од претходно планираните во 2025 година.

Дополнително ќе се инвестира и во реконструкција на Спортскиот рекреативен парк и Спортската сала како и игралиштето на ФК Напредок за кој клуб се планира изградба на комплетно ново игралиште, а постојното игралиште да се реконструира и намени за тренинг на млади генерации. – Поддршката за културата и културните манифестации исто така не изостанува преку планираната финансиска поддршка и проектирање на изградба на Културен дом.

Во делот на образованието усвоени се финансиски планови на основните општински училишта кои треба да обезбедуваат инвестиции во обезбедувањето на соодветни и модерни услови за учење на нашите деца. – Предвидени се и голем број на други проекти од различни области кои ни гарантираат дека наредната 2026 година ќе биде исполнета со многу работа и проекти насочени кон подобар и поквалитетен живот на нашите граѓани. Транспаретноста ја креваме на максимално ниво. Следува најдоброто за нашата општина со што ќе ја направиме наша гордост.