Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 Директорот на РЕФ Балкан Али Реџеп Чупи на средба со Градоначалникот Курто Дудуш во општината Шуто Оризари.

Директорот на РЕФ Балкан Али Реџеп Чупи на средба со Градоначалникот Курто Дудуш во општината Шуто Оризари.

Во четврток (04.12.2025) во општината Ш.Оризари во официјална посета пристигна дел од партнерите на Ромакиот. Едукативен Фонд – Балкан од седум. балкански држави, предводена од директорот г- дин Али Реџеп Чупи. За време на посетата имаше средба и разговори со градоначалникот на општиината Курто Дудуш како и дел од севетниците и раководството на општината.

Оваа посета беше уникатна прилика за размена на искуства и добри практики во областа на успешното образование на Ромите. Самата посета и средба преставуваше одлична можност горди што да ја престават Општина Шуто Оризари не само како домаќин, туку и како жив пример и предводник во регионот за постојан развој и иновации во образовните процеси.

Се разговараше за нивните достигнувања, но и предизвиците со кои се соочуваат и визиите за иднината. Оваа средба преставуваше плодна основа за идни соработки и зајакнување на заедничкиот пат кон општество со уште подеднакви можности за сите.

Инаку за време на оваа средба и самиот Директор на РЕФ Балкан ја изрази. својата.благодарност до Градоначалниот Курто Дудуш и до Фатима Османовска во име на Ромскиот Образовен Фонд за гостопримството и одвоеното време за разговор и размена на идеи и искуства со нашите партнери од Западен Балкан.

Директорот Чупи акценрираше дека за него лично беше гордост и чест со неговите гости да го видат развојот на општината, посебно условите во кои учат и се школуваат на децата во О.У. Браќа Рамиз и Хамид, средното училиште Шаип Јусуф и детската градинка 8-ми Април.

Оваа посета РЕФ Балкан и нивните партнери е инспирација за поголем ангажман и посветеност во работата во областа образование.

На крај исто така посака многу успеси и резултати во новиот градоначалнички мандат.

Општината и градоначалникот. Курто Дудуш се заблагодари на посетата, на г-динот Чупи и на целиот тим од Реф Балкан!”