Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 Известување за регионална јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија (2040)

Известување за регионална јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија (2040)

Општина Шуто Оризари ги известува граѓаните, институциите, здруженијата и сите заинтересирани страни дека Центарот за развој на Скопски плански регион, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, организира регионална јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија (2040).

Јавната расправа ќе се одржи на 11 ноември 2026 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во Салата на Советот на Град Скопје.

Нарачател на Просторниот план е Владата на Република Северна Македонија, изработувач е Агенцијата за планирање на просторот, а носител на изработката е Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со цел навремено информирање и овозможување увид во планскиот документ пред одржувањето на јавната расправа, Нацртот е достапен на следниот линк:

Нацрт на Просторниот план на Република Северна Македонија (2040)⁠

Ги повикуваме сите заинтересирани да се запознаат со содржината на Нацртот и да учествуваат во јавната расправа, со свои мислења, предлози и забелешки за идниот просторен развој на државата.