Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 CULTURoma ПРИЛОГ 1 ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА

CULTURoma ПРИЛОГ 1 ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА

CULTURoma

Bridging Cultures Through Heritage

ПРИЛОГ 1 – ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА

Се нуди нова, неупотребувана опрема во оригинално пакување. Наведените вредности се минимални; дозволени се подобри карактеристики.

А. Лаптоп – 1 парче

Понудувачот задолжително ги наведува производителот, точниот модел и конечната конфигурација. Се прифаќа опрема од кој било производител што ги исполнува минималните технички барања.

КомпонентаМинимално барање или еквивалент
ПроцесорПроцесор за преносен компјутер со најмалку 12 физички јадра и најмалку 16 нишки, максимална турбо-фреквенција најмалку 4,5 GHz и кеш-меморија најмалку 20 MB. Се наведуваат точниот модел и официјалната спецификација на производителот.
МеморијаНајмалку 32 GB DDR5 RAM, вградени при испорака. Секоја потребна надградба е вклучена во цената и во гаранцијата.
ДискНајмалку 1 TB M.2 NVMe PCIe 4.0 SSD.
Екран16 инчи; IPS или еквивалентна технологија; најмалку 1920 × 1200 пиксели, формат 16:10; антирефлексен.
ПоврзувањеWi-Fi 6 или подобро; Bluetooth 5.0 или подобро; HDMI; најмалку 2 USB-A и 1 USB-C приклучок.
Аудио и камераВградена камера, микрофон и звучници.
Оперативен системЛиценциран 64-битен оперативен систем за деловна употреба, со графички интерфејс, шифрирање на диск, приклучување на деловен домен и можност за далечински пристап; трајна лиценца и активација за понудениот уред. Компатибилен со понудениот канцелариски пакет и принтер.
Канцелариски пакетЛиценциран канцелариски пакет за деловна употреба, со трајна лиценца за 1 уред: обработка на текст, табеларни пресметки, презентации и електронска пошта/календар. Отворање, уредување и зачувување DOCX, XLSX и PPTX со зачувување на форматирањето; извоз во PDF. Не се прифаќа пробна, образовна или претплатничка лиценца.
Гаранција и испоракаНајмалку 24 месеци гаранција; оригинален полнач; инсталиран и активиран софтвер; доказ за законски стекнати лиценци. Лиценците се предаваат на Општината, без зависност од лична сметка на добавувачот.
CULTURoma

Bridging Cultures Through Heritage

Б. Мултифункциски колор принтер – 1 парче

КарактеристикаМинимално барање или еквивалент
Производител и моделСлободен избор на производител; задолжително се наведува точниот модел и се докажува исполнувањето на сите минимални барања.
Функции и форматКолор ласерско печатење, копирање, скенирање и факс; формат A4.
Двострано печатењеАвтоматско двострано печатење (дуплекс), без рачно превртување.
БрзинаНајмалку 25 страници/минута црно-бело и во боја, A4, според ISO/IEC 24734 или споредлив стандард.
Скенирање и хартијаОптичка резолуција на рамниот скенер најмалку 1200 dpi; ADF за најмалку 50 листови со автоматско двострано скенирање во еден премин; влезна фиока за најмалку 250 листови.
ПоврзувањеUSB, Wi-Fi и Ethernet (LAN); компатибилност со понудениот оперативен систем.
Потрошен материјалОригинален почетен комплет тонери за црна, цијан, магента и жолта боја, вклучен во цената; достапен заменски потрошен материјал на домашниот пазар.
Гаранција и инсталацијаНајмалку 12 месеци гаранција; инсталација, поврзување со лаптопот и успешно тестирање на печатење, копирање, скенирање и автоматско двострано печатење.

Изработил: Ибрахим Ибрахими, раководител на сектор
за административни , правни работи и локален економски развој

Превземи го официјалниот документ