Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 CULTURoma ЈАВЕН ПОВИК

CULTURoma ЈАВЕН ПОВИК

Cross Border Cooperation - European Union - Serbia North Macedonia

CULTURoma

Bridging Cultures Through Heritage

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ
Набавка на лаптоп и мултифункциски колор принтер

Општина Шуто Оризари, како партнер во проектот „Bridging Cultures Through Heritage – CULTURoma“, во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија, ги поканува заинтересираните економски оператори да достават техничка и финансиска понуда за следнава опрема:

Предмет Количина
Лаптоп со лиценциран оперативен систем и лиценциран канцелариски пакет 1 парче
Мултифункциски колор принтер: печатење, копирање и скенирање 1 парче

1. Предмет и опфат на понудата

Понудата треба да ги опфати двете ставки, софтверските лиценци, испораката, инсталацијата, конфигурацијата и сите зависни трошоци. Делумни понуди нема да се разгледуваат. Техничките услови се дадени во Прилог 1.

За проектот CULTURoma е издадено Решение на Управата за јавни приходи (УЈП) бр. 29-88/495 од 19.10.2026 година за ослободување од плаќање данок на додадена вредност (ДДВ). Набавката ќе се реализира врз основа на ова решение. Понудувачите треба да ги прикажат цените без ДДВ. Решението и потребните податоци за спроведување на ослободувањето ќе му бидат доставени на избраниот понудувач пред фактурирањето.

2. Содржина на понудата

Понудата треба да содржи: пополнет и потпишан финансиски образец (Прилог 2); точен производител и модел; технички каталог или официјална спецификација со означена усогласеност со секое барање; податоци за софтверските лиценци;

Cross Border Cooperation - European Union - Serbia North Macedonia

CULTURoma

Bridging Cultures Through Heritage

гарантни услови и сервисна поддршка; рок за испорака и податоци за понудувачот со доказ за регистрација.

3. Доставување и рок

Понудата се доставува како потпишан документ во PDF на erhan.fejzov@sutoorizari.gov.mk, со предмет „CULTURoma – понуда за лаптоп и принтер“. Рокот за доставување понуди изнесува 7 календарски дена, при што не се пресметуваат денот на објавување и денот на истекот на рокот. Датум на објавување: 30.10.2026 година. Краен рок за доставување понуди: 09.11.2026 година, до 12:00 часот. Ако крајниот рок паѓа во неработен ден, се определува првиот нареден работен ден. За навремено доставена се смета понуда примена на наведената електронска адреса до крајниот рок.

Лице за контакт за прашања и појаснувања: Ерхан Фејзов. Електронска пошта: erhan.fejzov@sutoorizari.gov.mk; тел. 075 938 737. Писмените прашања се доставуваат на електронската адреса наведена за прием на понудите. Прашањата се доставуваат најдоцна 3 работни дена пред крајниот рок. Појаснувањата се доставуваат под еднакви услови до сите заинтересирани понудувачи преку објава на истото место каде што е објавен повикот.

4. Избор и реализација

Критериум е најниска вкупна цена без ДДВ меѓу понудите што целосно ги исполнуваат условите. Важност на понудата: најмалку 30 дена од крајниот рок. Испорака: најдоцна 15 календарски дена од потпишување на договорот, во просториите на Општината. Плаќање: во рок од 30 дена по целосна испорака, потпишан записник за прием и уредна фактура, без аванс.

ГРАДОНАЧАЛНИК
КУРТО ДУДУШ

Превземи го официјалниот документ