Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на неопределено време – Детска градинка „8-МИ АПРИЛ“- Шуто Оризари

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на неопределено време – Детска градинка „8-МИ АПРИЛ“- Шуто Оризари

Јавна општинска установа за деца
Детска градинка „8-МИ АПРИЛ“- Шуто Оризари

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на неопределено работно време

Бр. Работно место Број на лица Работен однос
1. Воспитувач-приправник – ниво В4 1 (еден) Неопределено време
2. Неговател-приправник – ниво Д4 1 (еден) Неопределено време

1. ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КАНДИДАТИТЕ

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • да го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
  • да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • да не е осудуван со правосилна судска пресуда за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување малолетно лице, родосквернавење или кривично дело против половата слобода, без оглед на изречената санкција, како и да нема утврдено дискриминаторско однесување согласно со закон;
  • да ги исполнува и другите услови утврдени со закон и со актите на Установата.

2. ПОСЕБНИ УСЛОВИ

2.1. Воспитувач-приправник – ниво В4 – 1 (еден) извршител

  • завршено соодветно високо образование: дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание или дипломиран педагог, со стекнати 240 кредити според ЕКТС, односно завршено високо образование VII/1 степен, согласно со Законот за заштита на децата и актот за систематизација;
  • важечка лиценца за работа за воспитувач;
  • со или без работно искуство во струката, согласно со член 136 став (8) од Законот за заштита на децата.

Распоред на работното време:

  • работни денови: понеделник – петок;
  • 40 работни часа неделно;
  • работното време се организира во смени, согласно со распоредот на Установата.

Паричен износ на основната нето-плата: 45.100,00 денари.

2.2. Неговател-приправник – ниво Д4 – 1 (еден) извршители

  • завршено четиригодишно средно образование: средно медицинско училиште, средно образование – насока гимназија, средно музичко училиште, средно ликовно училиште или средно фискултурно училиште, согласно со Законот за заштита на децата и актот за систематизација;
  • важечка лиценца за работа за неговател;
  • со или без работно искуство во струката, согласно со член 136 став (10) од Законот за заштита на децата.

Распоред на работното време:

  • работни денови: понеделник – петок;
  • 40 работни часа неделно;
  • работното време се организира во смени, согласно со распоредот на Установата.

Паричен износ на основната нето-плата: 30.450,00 денари.

3. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • своерачно потпишана пријава, со задолжително наведување на работното место за кое кандидатот се пријавува;
  • кратка биографија (CV);
  • уверение за државјанство;
  • диплома или уверение за завршено соодветно образование;
  • важечка лиценца за работа за воспитувач, односно за неговател;
  • Доказ за познавање на македонскиот јазик;
  • лекарско уверение за општа здравствена способност;
  • уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • други докази потребни за потврдување на исполнетоста на законските услови, доколку ги побара Комисијата во текот на постапката.

Документите се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.

Уверенијата и потврдите треба да бидат во важност на денот на пријавувањето.

4. РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Јавниот оглас трае осум до 19.10.2026 , сметано од денот на неговото објавување во дневните весници.

Пријавата со потребната документација се доставува лично во архивата на ЈОУДГ „8 Април“ – Општина Шуто Оризари или по пошта, во затворен плик, на адреса: ул. „Хаџи Јован Шишко“ бр. 49, 1000 Скопје, со назнака: „За Јавен оглас за вработување – НЕ ОТВОРАЈ“ и задолжително наведување на работното место за кое се аплицира.

Ненавремените, нецелосните и неуредните пријави нема да бидат разгледувани.

Изборот ќе се изврши во рокот утврден со закон. Кандидатите ќе бидат известени за исходот од постапката согласно со важечките прописи.

В.Д. Директор

________________________

Езѓан Мемедов