Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 Програма за мировно образование

Програма за мировно образование

Програма за мировно образование

Во текот на учебната 2025/2026 година, во ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ за првпат беше реализирана Програмата за мировно образование, со поддршка и соработка со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ – ПДАС Меѓаши.

Фотографија 1
Фотографија 2
Фотографија 3
Фотографија 4
Фотографија 5
Фотографија 6
Фотографија 7
Фотографија 8
Фотографија 9
Фотографија 10
Фотографија 11
Фотографија 12
Фотографија 13
Фотографија 14
Фотографија 15
Фотографија 16
Фотографија 17
Фотографија 18
Фотографија 19
Фотографија 20
Фотографија 21
Фотографија 22
Фотографија 23
Фотографија 24
Фотографија 25
Фотографија 26
Фотографија 27
Фотографија 28
Фотографија 29
Фотографија 30
Фотографија 31
Фотографија 32
1 / 30

Програмата има за цел кај учениците да развива меѓусебно почитување, толеранција, емпатија, ненасилна комуникација, активно слушање, соработка и мирно решавање на конфликти. Активностите беа реализирани преку интерактивни работилници, дискусии, игри, активности за препознавање и изразување на емоциите, вежби за доверба и соработка, како и ситуации преку кои учениците имаа можност да ги согледаат различните перспективи и начини на однесување.

Во текот на годината се реализираа работилници со ученици од VI до IX одделение, а активностите беа прилагодени на возраста и потребите на учениците. Посебен акцент беше ставен на учењето преку искуство и активно учество.

Програмата овозможи мировното образование да стане дел од секојдневната училишна средина и да се отвори простор учениците слободно да разговараат за односите меѓу себе, конфликтите, дискриминацијата, прифаќањето на различностите и одговорноста за сопственото однесување.

Особено значајно е што оваа учебна година претставува прва година на спроведување на Програмата за мировно образование во училиштето, со што беше поставена основа за нејзино понатамошно развивање и надградување.

Со поддршката од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ училиштето доби можност да воведе дополнителни современи пристапи и активности насочени кон градење безбедна, инклузивна и ненасилна училишна средина.

Врз основа на искуствата од првата година и со цел да се опфатат поголем број ученици, во учебната 2026/2027 година програмата е организирана на две нивоа:

– Базична програма за мировно образование – наменета за нови ученици кои за првпат се вклучуваат во програмата. Преку ова ниво учениците ги усвојуваат основните концепти и вештини поврзани со мирот, емпатијата, толеранцијата, комуникацијата, почитувањето и мирното решавање конфликти.

– Напредна програма за мировно образование – наменета за учениците кои ја завршија основната програма во учебната 2025/2026 година. Овие ученици продолжуваат со учество, при што стекнатите знаења и вештини се надградуваат преку посложени теми, ситуации и интерактивни активности.

На овој начин се обезбедува континуитет во учењето, односно учениците кои веќе биле дел од програмата продолжуваат со надградување на своите знаења и вештини, додека истовремено се овозможува вклучување на нови ученици.

Организирањето на програмата во две нивоа претставува значаен чекор кон проширување на опфатот на ученици и создавање поширока култура на мир во училиштето. Наместо програмата да биде еднократна активност, таа се развива како процес во кој учениците можат да се вклучат, да продолжат и постепено да ги надградуваат своите знаења и социјални вештини.

Со воведувањето на базично и напредно ниво, програмата добива континуитет и можност да опфати поголем број ученици. На тој начин се создава можност принципите на мировното образование постепено да се пренесуваат и во пошироката училишна заедница – преку односите меѓу учениците, наставниците и целокупната училишна средина.

Подготвил:
Педагог
Христина Г. Змијанац