Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 Одлука за избор на корисници на финансиски средства по Јавниот повик за финансирање на програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита за 2026 година

Одлука за избор на корисници на финансиски средства по Јавниот повик за финансирање на програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита за 2026 година

Грб на Општина Шуто Оризари

Градоначалник на општина Шуто Оризари- Šerutno ki kоmuna Šuto Orizari-Kryetari I komunës Shuto Orizari
Република Северна Македонија- Republika Utarali Makedonija-Republika e Maqedonisë së Veriut

Бр- No-Nr. ________________
_____________2026 год- berš-viti
СКОПЈЕ- SKOPJE-SHKUP

Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), член 15, член 36, член 61 и член 84 од Статутот на Општина Шуто Оризари, Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година, Програмата за социјална заштита на Општина Шуто Оризари за 2026 година, Јавниот повик за доделување финансиски средства за спроведување програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита за 2026 година, Решението за утврдување на критериуми и методологија за оценување на пријавите бр. 09-278/2 од 05.06.2026 година и Извештајот на Комисијата за спроведената постапка, Градоначалникот на Општина Шуто Оризари донесува

О Д Л У К А

за избор на корисници на финансиски средства по Јавниот повик за финансирање на програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита за 2026 година

Член 1

Со оваа Одлука се врши избор на корисници на финансиски средства од Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година по Јавниот повик за доделување финансиски средства за спроведување програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита.

Член 2

За корисници на финансиски средства се избираат:

  • Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ – Скопје, за реализација на проектот „Социјална и здравствена откриеност и правно зајакнување на заедницата во Општина Шуто Оризари“, на кое му се доделуваат финансиски средства во износ од 350.000,00 (триста и педесет илјади) денари.
  • Здружение на граѓани за заштита на правата на детето, за реализација на проектот „Предизвици со кои се соочуваат младите во справување и намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост“, на кое му се доделуваат финансиски средства во износ од 350.000,00 (триста и педесет илјади) денари. [

Член 3

Средствата од член 2 на оваа Одлука ќе се користат исклучиво за намените и активностите предвидени во одобрените проектни пријави и во согласност со условите утврдени во Јавниот повик.

Член 4

Меѓусебните права и обврски помеѓу Општина Шуто Оризари и избраните корисници ќе се уредат со посебни договори.

Член 5

Секторот за финансиски прашања и другите надлежни служби на Општина Шуто Оризари се задолжуваат за спроведување на оваа Одлука.

Член 6

Оваа Одлука ќе се објави на веб-страницата и на огласната табла на Општина Шуто Оризари.

Член 7

Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.


О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари објави Јавен повик за доделување финансиски средства за спроведување програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита за 2026 година.

За спроведување на постапката беше формирана Комисија која изврши административна проверка, стручно оценување, бодирање и рангирање на поднесените проектни пријави. Комисијата постапуваше согласно критериумите и методологијата утврдени со Решение бр. 09-278/2 од 05.06.2026 година.

По спроведеното оценување беше утврдена следната конечна ранг-листа:

  • Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ – Скопје, со проект „Социјална и здравствена откриеност и правно зајакнување на заедницата во Општина Шуто Оризари“ – 86 поени;
  • Здружение на граѓани за заштита на правата на детето, со проект „Предизвици со кои се соочуваат младите во справување и намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост“ – 83 поени.

Комисијата констатираше дека двете проектни пријави ги исполнуваат условите од Јавниот повик, се усогласени со приоритетите на Општината во областа на социјалната заштита и заслужуваат финансиска поддршка.

Имајќи ги предвид резултатите од спроведената постапка, предлогот на Комисијата и обезбедените средства во Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година во вкупен износ од 700.000,00 денари, одлучено е на секој од избраните корисници да му се доделат финансиски средства во износ од 350.000,00 денари. Поради наведеното, Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука не е дозволена жалба. Незадоволните учесници во постапката можат да поведат управен спор пред Управниот суд на Република Северна Македонија во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот, односно објавувањето на Одлуката.

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ
Курто Дудуш

Преземете го официјалниот документ