Одлука за избор на корисник на финансиски средства по Јавниот повик за финансирање на програми и проекти на спортски здруженија за 2026 година

Градоначалник на општина Шуто Оризари – Šerutno ki kоmuna Šuto Orizari – Kryetari I komunës Shuto Orizari
Република Северна Македонија – Republika Utarali Makedonija – Republika e Maqedonisë së Veriut
Бр – No-Nr. ________________
_____________2026 год – berš-viti
СКОПЈЕ – SKOPJE-SHKUP
Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), член 15, член 36, член 61 и член 84 од Статутот на Општина Шуто Оризари, Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година, Јавниот повик за распределба на средства од Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година за финансирање на програми и проекти на спортски здруженија од областа на спортот и Извештајот на Комисијата за спроведената постапка, Градоначалникот на Општина Шуто Оризари донесува:
О Д Л У К А
за избор на корисник на финансиски средства по Јавниот повик за финансирање на програми и проекти на спортски здруженија од областа на спортот за 2026 година
Член 1
Со оваа Одлука се врши избор на корисник на финансиски средства од Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година по Јавниот повик за распределба на средства за финансирање на програми и проекти на спортски здруженија од областа на спортот.
Член 2
За корисник на финансиски средства се избира:
ФК „Напредок 65 – Шутка“, на кој му се доделуваат финансиски средства во износ од 800.000,00 (осумстотини илјади) денари за реализација на програмските активности содржани во доставената пријава.
Член 3
Средствата од член 2 на оваа Одлука ќе се користат исклучиво за намените и активностите предвидени во одобрената програма и во согласност со условите утврдени во Јавниот повик.
Член 4
Меѓусебните права и обврски помеѓу Општина Шуто Оризари и избраниот корисник ќе се уредат со посебен договор.
Член 5
Секторот за финансиски прашања и другимите надлежни служби на Општина Шуто Оризари се задолжуваат за спроведување на оваа Одлука.
Член 6
Оваа Одлука ќе се објави на веб-страницата и на огласната табла на Општина Шуто Оризари.
Член 7
Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Градоначалникот на Општина Шуто Оризари објави Јавен повик за распределба на средства од Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година за финансирање на програми и проекти на спортски здруженија од областа на спортот.
За спроведување на постапката беше формирана Комисија која изврши административна проверка и стручно оценување на поднесените пријави.
Во рокот утврден со Јавниот повик беа поднесени вкупно три пријави. По извршената административна проверка беше утврдено дека една пријава ги исполнува административните услови утврдени во Јавниот повик, додека две пријави беа отфрлени како некомплетни.
По спроведеното оценување и бодирање, ФК „Напредок 65 – Шутка“ освои 90 поени и беше рангиран на прво место. Комисијата предложи доделување на финансиски средства во износ од 800.000,00 денари.
Имајќи ги предвид резултатите од спроведената постапка, предлогот на Комисијата и обезбедените средства во Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година, Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука не е дозволена жалба. Незадоволните учесници во постапката можат да поведат управен спор пред Управниот суд на Република Северна Македонија во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот, односно објавувањето на Одлуката.
ГРАДОНАЧЛНИК НА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ
Курто Дудуш