Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 ЈАВЕН ПОВИК за доделување финансиски средства за спроведување програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК за доделување финансиски средства за спроведување програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита за 2026 година

Врз основа на Законот за локалната самоуправа (член 22, став 1, точка 7 и член 24, став 2), Статутот на Општина Шуто Оризари (член 14, точка 8) и Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства од областа на социјалната заштита на Општина Шуто Оризари за 2026 година, Општина Шуто Оризари објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување финансиски средства за спроведување програми, проекти и активности од областа на социјалната заштита за 2026 година


  1. Предмет на јавниот повик
    Предмет на овој јавен повик е доделување финансиски средства за финансирање програми, проекти иактивности од областа на социјалната заштита што ќе се реализираат на територијата на Општина Шуто Оризари во текот на 2026 година.
    Средствата се наменети за:
    • унапредување на социјалната заштита;
    • заштита и поддршка на ранливи категории граѓани;
    • намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост;
    • развој на превентивни и поддржувачки услуги во заедницата.

  2. Право на учество
    Право на учество на јавниот повик имаат исклучиво правни лица регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, и тоа:
    • здруженија на граѓани;
    • фондации.
  • Право на учество немаат:
    • физички лица
    • јавни и приватни установи
    • трговски друштва
    • политички партии;
    • други правни субјекти кои не се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации.
  • Подносителите на пријавите треба:
    • да имаат седиште или активно да дејствуваат на територијата на Општина Шуто Оризари;
    • да вршат активности од областа на социјалната заштита согласно закон;
    • да бидат редовно регистрирани и да немаат забрана за вршење дејност.
    • да имат најмалку 5 (пет) години активно постоење и дејствување од денот на регистрација до денот на објавување на јавниот повик;
  1. Области за финансирање
    Програмите, проектите и активностите треба да се однесуваат на една или повеќе од следните области:
    • превентивна социјална и здравствена заштита;
    • детска заштита (деца без родители, деца на улица, деца со попреченост и сл.);
    • социјална заштита на стари лица;
    • социјална заштита на лица со попреченост и лица со посебни потреби;
    • намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост;
    • поддршка и реализација на дополнителни активности и мерки од социјалната сфера;
    • меѓународна соработка и размена на искуства со домашни и странски партнери.
  2. Потребна документација
    Подносителите на пријавите задолжително треба да достават:
    • пополнета пријава/апликација (образец објавен на веб-страницата на Општината);
    • тековна состојба од Централен регистар на РСМ, не постара од шест месеци;
    • референтна листа со докази за претходно реализирани програми, проекти и активности во последните три години;
    • финансиски план/буџет на проектот;
    • потврда од УЈП за подмирени даночни и социјални обврски, не постара од 30 дена;
    • нотарски заверена изјава од законскиот застапник дека правното лице нема утврдена злоупотреба на средства добиени од буџетски или донаторски извори;
    • изјава за непостоење двојно финансирање за истите проектни активности.
  1. Начин и рок на доставување
    Пријавите се доставуваат во затворен плик со назнака:
    „ЈАВЕН ПОВИК – СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА 2026“
    до Архивата на Општина Шуто Оризари или по пошта на следната адреса:
    Општина Шуто Оризари
    ул. „Хаџи Јован Шишков“ бр. 36
    1000 Скопје
    Јавниот повик трае 15 (петнаесет) календарски дена од денот на објавување на официјалната веб-страница на Општината:
    www.sutoorizari.gov.mk
    Пријавите се примаат најдоцна до 15:30 часот на последниот ден од рокот.
  1. Причини за отфрлање на пријавите
    Пријавите нема да бидат разгледувани доколку:
    • подносителот не е регистриран согласно Законот за здруженија и фондации;
    • пријавата е нецелосна;
    • недостасува задолжителна документација;
    • е користен несоодветен образец;
    • пријавата е доставена по истекот на рокот;
    • не е доставена потврда од УЈП;
    • не е доставена нотарски заверена изјава;
    • се утврди дека се доставени невистинити или лажни податоци.
  1. Постапка за избор
    По истекот на рокот за пријавување, Комисијата:
    • ја разгледува доставената документација;
    • врши оценување и бодување;
    • изготвува ранг-листа;
    • доставува предлог за финансирање до Градоначалникот на Општина Шуто Оризари.
      Одлуката за избор и финансирање ја донесува Градоначалникот на Општина Шуто Оризари. Сите подносители ќе бидат писмено известени за резултатите од јавниот повик.
  1. Исплата и известување
    Средствата за финансирање се обезбедени во Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година. Исплатата ќе се врши по завршување на постапката за избор и потпишување договор помеѓу Општината и избраниот корисник. Корисниците на средствата се должни да доставуваат финансиски и наративни извештаи согласно условите утврдени во договорот.
  1. Санкции и враќање на средства
    Доколку се утврди дека подносителот:
    • доставил невистинити податоци или лажни изјави; или
    • ненаменски ги користел доделените средства,
      Општина Шуто Оризари ќе:
    • побара враќање на целокупниот износ со законска камата;
    • поднесе соодветна пријава до надлежните институции;
    • го исклучи правното лице од учество на јавни повици на Општината во период од 5 (пет) години.
  1. Дополнителни информации
    Дополнителни информации може да се добијат на:
    Телефон: 02/2614-666
    Одговорно лице: Ибрахим Ибрахими
    Е-пошта: info@sutoorizari.gov.mk

Градоначалник
КУРТО ДУДУШ

Преземете ја Апликацијата

Преземете го целосниот Јавен Повик