Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 ЈАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година за спортски здруженија

ЈАВЕН ПОВИК за распределба на средства од Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година за спортски здруженија

Врз основа на член 15, 36, 61 и 84 од Статутот на Општина Шуто Оризари (Службен гласник на Општина Шуто Оризари), а во согласност со Законот за локална самоуправа и Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година, Градоначалникот на Општина Шуто Оризари објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за распределба на средства од Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година за финансирање на програми и проекти на спортски здруженија од областа на спортот


Право на учество

Право на учество на Јавниот повик имаат спортски здруженија регистрирани како здруженија на граѓани кои:

  1. Се регистрирани за вршење на дејност во областа на спортот согласно Законот за здруженија и фондации;
  2. Делуваат на територијата на Општина Шуто Оризари;
  3. Мора кумулативно да ги исполнуваат следниве критериуми:
    1. Форма на регистрација – здружението да е регистрирано како здружение на граѓани (не како трговско друштво, установа или неформална група).
    2. Минимално искуство – најмалку 1 (една) година континуирано постоење и регистрирана спортска дејност (сметано до денот на поднесување на пријавата).
    3. Континуитет во работењето – доказ за непрекинато изведување на спортски активности во последната  година (годишни извештаи, програми, фотодокументација, список на натпревари).
    4. Број на активни членови – минимум:
      • 20 активни членови за екипни спортови;
      • 8 активни членови за индивидуални спортови (со доказ – список, членски карти,).
    5. Финансиска дисциплина – да немаат:
      • долгови кон Управата за јавни приходи;
      • изречена казна за злоупотреба на претходно доделени средства.
    6. Обврска за известување – редовен полугодишен и годишен извештај за реализацијата и наменското трошење на средствата. Доколку истиот не се поднесе навреме и уредно – враќање на средствата и исклучување од наредните 3 години.

Потребна документација

Задолжително се доставува:

  1. Пријава – формулар;
  2. Тековна состојба на здружението (не постара од 3 месеци);
  3. Тековна изјава за вистински сопственик (не постара од 3 месеци);
  4. Решение за вршење на спортска дејност;
  5. Доказ за регистрација како здружение на граѓани (извод од Централниот регистар);
  6. Доказ за најмалку 1 година постоење (прво решение за регистрација + годишни извештаи);
  7. Потврда од УЈП за немање доспеани и неплатени даночни обврски;
  8. Изјава под материјална и кривична одговорност дека здружението нема правосилна санкција за злоупотреба или ненаменско користење на буџетски средства во последната година;
  9. Доказ за број на активни членови; ( список заверен од одговорното лице со име и презиме на членовите, датум на раѓање, статус на активен член, потпис/членска евиденција)
  10. Годишна програма за работа со финансиски план (буџет);

Рок и начин на доставување:

Јавниот повик трае 14 дена, почнувајќи од денот на објавувањето во Службен гласник на Општина Шуто Оризари, на веб-страната на општината и на огласната табла на Општината.

Пријавата (формуларот) заедно со потребната документација се доставува:

  • Лично во архивата на Општина Шуто Оризари, или
  • Препорачано по пошта на адреса:

Општина Шуто Оризари
Хаџи Јован Шишко 36
1000 Скопје

(со назнака на плик: „НЕ ОТВАРАЈ – ЈАВЕН ПОВИК СПОРТ 2026“)

Забелешка: Пријавите со нецелосна документација или поднесени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

Последици од давање неточни податоци:
Доколку апликантот даде неточни податоци, истиот нема да може да аплицира во наредните 3
години.

Преземете ја Апликацијата

Преземете го целосниот Јавен Повик