Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 ПРОГРАМА  ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ (Ј) за 2026 ГОДИНА

ПРОГРАМА  ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ (Ј) за 2026 ГОДИНА

Најобемна програма за секојдневно функционирање и развој на општината

Програмата за комунални дејности претставува еден од најзначајните и најобемни документи за функционирање на Општина Шуто Оризари. Таа ги интегрира сите активности поврзани со комуналното уредување и располага со буџет од 228.816.280,00 денари

ШТО ОПФАЌА ОВАА ПРОГРАМА

  1. ЈАВНА ЧИСТОТА – 7.270.000,00 денари

Програмата обезбедува средства за чистење на јавните површини, собирање и транспортирање на комуналниот отпад, ангажирање на комунални работници и набавка на потребната опрема и алат за нивната работа. Целта е подигнување на хигиената во сите делови на општината

  • ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ – 5.000.000,00 денари

Предвидени се средства  за

  • Редовно одржување на постојното улично осветлување на целата територија на општината
  • Плаќање на сметки за потрошена електрична енергија
  • Изградба на ново осветлување на улиците каде што недостасува, со што се зголемува безбедноста и визулениот идентитет на населбата
  • ОДРЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА И УЛИЦИ – 2.150.000,00 денари

Програмата опфаќа интервенции за :

  • Санација на ударните дупки и оштетувања на коловозот
  • Зимско одржување – чистење снег и мраз, посипување со индустриска сол
  • Редовно одржување на коловозот на сите локални улици

КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ- НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД СРЕДСТВАТА

Изградба и реконструкција на локални патишта и улици: 185,490.964,00 денари

Овие средства се наменети за реконструкција на десетици улици на територијата на општината меѓу кои:

Група 1 – Гарсија Лорка, Кипарска ( крак 1,2 и 3), Тиквешка, Слан дол, Злетовска, Бутелски венец, Волт Дизни

Група 2 – Карбуница ( крак 1,2 и 3), Рељо Шестокрило ( крак 1,2 и 3), Диме Мечето ( крак 1,2 и 3)

Група 3 – Хаџи Јован Шишко, Смилевска, Плачковица, Селечка планина, Галичица

Група 4 – Вашингтонска ( дел 1 и 2), Овчеполска ( крак 2 и 3), Че Гевара ( крак 2), улица 1673, Демирхисарска ( крак 1,2,3 и 4)

Група 5 – Ѓорѓи Пенков ( крак 1 и 2), Метохиска  ( крак 1-7), Рељо Шестокрило (крак 3)

Група 6 –  Брсјачка Буна ( фаза 2, фаза 3 и крак 1), Македонско Косовска бригада, Клисурска

Изградба на атмосферска и фекална канализација: 21.380.316,00 денари

Со овие средства се решава повеќедеценискиот проблем со отпадните води преку изградба на нова канализациона мрежа во следните улици:

Атмосферска канализација: Карбуница ( крак 1,2 и 3), Кипарска ( крак 1,2 и 3), Вашингтонска ( крак 1-4), Гвадалахара, Пелагонија, улица 1673, Рељо Шестокрило

Фекална канализација: Волт дизни, Ѓорѓи Пенков, Вашингтонска (дел), Брсјачка Буна ( довршување и спојување), Диме Мечето, Селечка планина, Слан дол, Злетовска, Клусурска

УРБАНА ОПРЕМА И ЗЕЛЕНИЛО – 1.000.000,00 денари ( капитални расходи)

Програмата обезбедува средства за:

  • Одржување и набавка на нова урбана опрема – клупи, детски реквизити, жардињери
  • Уредување и одржување на постојните паркови и зелени површини
  • Создавање на нови зелени површини и поставување на мобилни санитарни јазли
  • Набавка на машини за косење и тримери за одржување на зеленилото

Програмата за Комунални дејности е од клучно значење за секојдневниот живот на граѓаните бидејќи ги опфаќа сите аспекти на комуналното уредување – од основната хигиена до капитални инфраструктурни проекти.

Граѓаните преку оваа програма добиваат:

  • Почиста и уредна средина – редовно собирање на отпад, метење на улици, одржување на зеленило
  • Побезбедни улици – ново и редовно одржувано јавно осветлување
  • Подобри патишта – реконструкција на десетици улици низ целата општина
  • Решавање на проблемот со отпадни води –изградба на атмосферска и фекална канализација
  • Поубави паркови и јавни површини – нова урбана опрема и уредени зелени површини