ПЛАН НА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ ЗА ПЕРИОДОТ 2026-2027
Основен стратешки документ за инфраструктурен развој
Планот на програмата за развој за периодот 2026-2027 година ги дефинира приоритетните инфраструктурни проекти на општината, со фокус на масовна реконструкција на локалната патна мрежа
Планираните активности се распоредени во три фази и опфаќаат реконструкција на следните улици и краци:
Прва фаза: Хаџи Јован Шишко, Смилевска крак 1, Плачковица , Селечка планина
Втора фаза : Вашингтонска дел 1 и 2, Овчеполска крак 2 и 3, Че Гевара крак 2, улица 1673, Демирхисарска крак 1,2,3
Трета фаза : Брсјачка Буна фаза 2, Брсјачка Буна фаза 3, Брсјачка Буна крак 1
ШТО СЕ ПОДОБРУВА И ЗОШТО Е ОВА ВАЖНО
- Безбедноста во сообраќајот
Обновувањето на коловозот, уредувањето на тротоарите и поставувањето на соодветна сигнализација, значително ја зголемува безбедноста за сите ученици во сообраќајот – возачи, пешаци, деца на пат кон училиште и постари лица.
- Полесен пристап до јавни услуги
Реконструираните улици овозможуваат побрз и полесен пристап до училиштата, детските градинки, здравствените амбуланти, верските објекти и зелените површини. Ова е особено важно за итните интервентни служби ( брза помош, противпожарна едниица)
- Подобрување на квалитетот на живеење
Уредените улици го менуваат изгледот на населбата, ја намалуваатпрашината и оштетувањето на возилата и создаваат попријатна средина за живот. Граѓаните ќе почуствуваат директно подобрување на секојдневието.
- Рамномерен развој на целата општина
Со опфатот на улици од различни делови – од централното подрачје, па се до Долно оризари и Визбегово – се обезбедува рамномерен развој и се намалуваат разликите помешу оддалечените и централните делови.
- Зголемување на вредноста на имотот
Инвестициите во инсфраструктурата директно влијаат врз аголемувањето на пазарната вредност на недвижностите, што е директен интерес за сите сопствениви на имот во општината
- Основа за понатамошна урбанизација
Реконтрукцијата на улиците создава услови за дополнително комунално опремување – изградба на атмосферска и феклана канализација, водоводни мрежи и поставување на ново јавно осветлување , што е предвидено во другите развојни програми.