
Општината Шуто Оризари и нејзините советници одржаа Комеморативна седница поповод трагедијата во Кочани
Денес 19.03.2025 Општината Шуто Оризари, нејзиниот градоначалник Курто Дудуш, претседателот на Советот Сеад Исмаил и сите советници одржаа Комеморативна седница по повод за страшната трагедија во Кочани на 16 март 2025 каде живото го загубиа 59 претежно млади лица, а над 100 беа повредени во големиот пожар, во локалната дискотека .
За време на Комеморативната седница беше напоменато дека во овие тешки денови за сите нас и тажни денови за Македонија, загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна.
Истакнато е исто така дека за смејствата на настраданите ќе им излеземе во пресрет со финансиски средства кои ќе бидат издвоени од буџетот на општина Ш.Оризари.

А исто така со почеток од 11:00 часот, беше организиран настан во центарот на Шуто Оризари,,Отворена книга на жалоста” за сите граѓани им беше овозможено да го искажат своето сочувство и жалење.