Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 Средба со граѓаните на „ОВЧЕПОЛСКА“

Средба со граѓаните на „ОВЧЕПОЛСКА“

Во наредниот период ќе организираме маалски консултации со граѓаните во населените места каде што се планирани градежни активности. Нашата цел е да излеземе во пресрет на секое домаќинство и да ги земеме во предвид нивните потреби.

Денес го посетивме населеното место Овчеполска и имавме многу плодна средба. Дискутиравме за проблемите со кои се соочуваат жителите и ги утврдивме нивните приоритети, кои ќе бидат земени во предвид при изведбата на работите.