Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 На 22 октомври ќе се одржи десеттата седница на Советот на Општина Шуто Оризари

На 22 октомври ќе се одржи десеттата седница на Советот на Општина Шуто Оризари

ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

На 22 октомври ќе се одржи десеттата седница на Советот на Општина Шуто Оризари

22 октомври 2026 година 11:00 часот

Со Решение бр. 08-475/1 од 15.10.2026 година, претседателот на Советот на Општина Шуто Оризари ја свика десеттата седница на Советот, која ќе се одржи на 22 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Општина Шуто Оризари.

За седницата е предложен следниот:

ДНЕВЕН РЕД

  1. Предлог-одлука за усвојување на Функционалната анализа во Општина Шуто Оризари.
  2. Предлог-одлука за усвојување на Етичкиот кодекс за избрани и именувани лица во Општина Шуто Оризари.
  3. Предлог-одлука за назначување тројца советници во Комисијата за етички кодекс при Советот на Општина Шуто Оризари.
  4. Предлог-одлука за усвојување на Етичкиот кодекс за вработените во општинската администрација и помошно-техничкиот персонал на Општина Шуто Оризари.
  5. Предлог-одлука за усвојување на Политиката на интегритет на Општина Шуто Оризари.
  6. Предлог-одлука за усвојување на Правилникот за постапување со подароци, погодности и гостопримства во Општина Шуто Оризари.
  7. Предлог-решение за именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „8-ми Април“ – Шуто Оризари – Скопје.
  8. Предлог-одлука за усвојување на Стратегијата за управување со ризици од корупција во Општина Шуто Оризари за периодот 2026–2030 година.
  9. Предлог-одлука за усвојување на Правилникот за спречување и управување со судир на интереси во Општина Шуто Оризари.
  10. Предлог-одлука за усвојување на втората измена и дополнување на Програмата (Ј) – Комунални дејности во Општина Шуто Оризари за 2026 година.
  11. Предлог-одлука за усвојување на втората измена и дополнување на Програмата (Ф) – Урбано планирање на Општина Шуто Оризари за 2026 година.
  12. Предлог-одлука за усвојување на втората измена и дополнување на Програмата (Р1) – Заштита на животната средина и природата за 2026 година.
  13. Предлог-одлука за усвојување на втората измена и дополнување на Програмата за спорт во Општина Шуто Оризари за 2026 година.
  14. Предлог-одлука за усвојување на втората измена и дополнување на Програмата (Г1) за локален економски развој во Општина Шуто Оризари за 2026 година.
  15. Предлог-одлука за усвојување на измената и дополнувањето на Финансискиот план за распределба на средства на ООУ „Браќа Рамиз-Хамид“ – Шуто Оризари за 2026 година.
  16. Предлог-одлука за усвојување на измената и дополнувањето на Финансискиот план за распределба на средства на ООУ „26-ти Јули“ – Шуто Оризари за 2026 година.
  17. Предлог-одлука за усвојување на измената и дополнувањето на Финансискиот план за распределба на средства на ЈОУДГ „8-ми Април“ – Шуто Оризари за 2026 година.
  18. Измена на Планот на програмата за развој на Општина Шуто Оризари за периодот 2026–2027 година, за реконструкција на локални улици: „Вашингтонска“ – дел 1 и 2, „Овчеполска“ – крак 2 и 3, „Че Гевара“ – крак 2, улица „1673“ и „Демирхисарска“ – крак 1, 2, 3 и 4.
  19. Предлог-одлука за втора измена и дополнување на Буџетот на Општина Шуто Оризари за 2026 година.