Општина
Шуто Оризари
Официјален портал

 Успешно одржана првата форумска сесија во Општина Шуто Оризари

Успешно одржана првата форумска сесија во Општина Шуто Оризари

Министерство за локална самоуправа
Швајцарска амбасада / SDC
UNDP
Општина Шуто Оризари

Успешно одржана првата форумска сесија во Општина Шуто Оризари

На 20 јули 2026 година, во Салата за состаноци на Општина Шуто Оризари се одржа првата форумска сесија, со што официјално започна новиот инклузивен форумски процес во нашата општина.

Овој процес се реализира во директно партнерство со Министерството за локална самоуправа (МЛС), Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Главната цел е да им се овозможи на граѓаните директно да учествуваат во процесот на донесување одлуки на локално ниво.

Регистрација на учесници
Обраќање на Градоначалникот

На почетокот на сесијата, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Шуто Оризари г-динот Курто Дудуш, кој ја истакна важноста на овој процес и ја потврди силната посветеност на локалната самоуправа за реализација на проектите избрани директно од граѓаните.

На сесијата зедоа активно учество и членовите на Советот на Општината, со што ја покажаа поддршката за поголема транспарентност и заедничко дефинирање на локалните приоритети.

Присутните граѓани, имаа можност да се запознаат со целите на форумот, правилата за работа и начинот на кој можат да влијаат врз креирањето на локалните политики.

За време на дискусијата беа мапирани клучните проблеми и предизвици во заедницата, кои во следните фази ќе се трансформираат во конкретни проектни предлози.

Присутни граѓани во салата
Презентација и работна атмосфера

Форумите во заедницата претставуваат одлична алатка за зголемување на транспарентноста на општината и поттикнување на граѓанскиот активизам, придонесувајќи за инклузивен и рамномерен развој на Шуто Оризари каде секој глас се слуша.

Преглед на салата
Дискусија со микрофон

www.opstinskisoveti.mk

Превземи го документот