Преставници на тимот на известувачи од ЕУ предводени од европарламентарецот Томас Вајц на средба со раководството на општината Шуто Оризари.
Инаку Томас Вајц како главен известувач за Р.С.Македонија и темите на кои се разговараше беа образованието, здравството и домувањето во нашата општина но и пошироко низ целата држава.

Општината ги презентираше успешните практики и проекти во образованието и инфраструктурата но и системските слабости на кои треба во иднина да се работи во однос на здравствената заштита и домувањето за Ромите во Република Македонија.

За време на дискусиите беа добиени искрени ветувања дека позитивните пракси и стратешките долгорочни цели на општина Шуто Оризари за севкупен развој ќе бидат презентирани од нивна страна пред сите надлежни Европски институции. Инаку општинската делегација беше предводена од градоначалникот Курто Дудуш..



