Официјално: Курто Дудуш го започна својот трет мандат како Градоначалник на општината Шуто Оризари.
На 14 Ноември 2025 година во Свечената сала на општината Шуто Оризари беше одржана Свечено доделување на уверенијата за вршење на функцијата Градоначалник на општината Шуто Оризари Курто Дудуш како и новиот состав на советници во Општина Шуто Оризари . Уверенијата ги додели официјалниот преставник на општинскиот претседател на ДИК г-дин Вели Мумин. Овие уверенија беа доделени по завршените приговори и официјални резултати кои кореспондираат со резултати од последните локални избори во Р.С.Македонија одржани во периодот од 19 октомври и 2 Ноември 2025 година. На самиот настан Градоначаслникот на општината Шуто Оризари кој по трет мандат ја превзеде оваа функција Курто Дудуш даде и свечена изјвав каде меѓудругото во својата изјава рече: „Јас Курто Дудуш свечено изјавуван дека позицијата Градоначалник на општината Шуто Оризариќе ја извршувам совесно и одговорно и дека при нејзиното вршењеќе го почитувам Уставот на Р.Северна Македонија ,законот и статутот на општината Шуто Оризари, и дека ќе го штитам уставниот поредок на Р.Северна Македонија.„

Инаку во рамки на свечените доделени Уверенија исто така и сите ново избрани Советници дадоа свои свечени изјави. Составот на Советот на општината Шуто Оризари кои брои 19 советници е следен: 1.Елсон Илјаз – Унија на Роми 2.Санела Емин – Унија на Роми 3.Абдула Дурак – Унија на Роми 4.Неџат Гани – Унија на Роми 5.Мустафа Демировски – Унија на Роми 6.Заим Лјесковица – НАИ 7.Сеар Амати – НАИ 8. Мерјем Ислами Дарлишта- НАИ 9. Рушан Точи – НАИ 10. Енис Зекири – ВЛЕН 11. Мемет Ибраим – ВЛЕН 12. Имране Дибрани – ВЛЕН 13. Сефер Имишти – ВЛЕН- 14. Јаше Сефер – Коалиција „Твоја Македонија„ Предводена од ВМРО ДПМНЕ 15. Гулбин Бајрами – Коалиција „Твоја Македонија„ Предводена од ВМРО ДПМНЕ 16. Гандијан Мустафа – Коалиција „Твоја Македонија„ Предводена од ВМРО ДПМНЕ 17. Решат Сокол – Коалиција „Твоја Македонија„ Предводена од ВМРО ДПМНЕ 18. Сеат Исмаил – Сојуз на Ромите – СРМ 19. Ферат Асан – ДСР
Им упатуваме искрени честитки и посакуваме успешна работа во Советот, со јасна цел – подобро, поинклузивно и просперитетно Шуто Оризари.