Потпишан договор помеѓу општината Ш.Оризари и.Министерот за СПДМ Фатмир Лимани за имплементација на проектот “Грижа и нега во домот”

Потпишан договор помеѓу општината Ш.Оризари и.Министерот за СПДМ Фатмир Лимани за имплементација на проектот “Грижа и нега во домот”

Денес заедно со Министерот за социјална политика, демографија и млади г-динот Фатмир Лимани со голема гордост и посветеност кон нашата заедница, потпишан е договор со кој се започнува имплементацијата на проектот

“Грижа и нега во домот” – еден од најзначајните социјални и економски иницијативи во нашата општина. 

Овој проект е директна поддршка за најранливите членови на нашето општество – постарите граѓани и лицата со посебни потреби, кои секојдневно се соочуваат со предизвици во извршувањето на основните активности. Целта е едноставна, но моќна: да се обезбеди достоинствен живот за сите, со грижа и поддршка во нивните домови. 

Овој проект е клучен пред се заради компонентата на Социјална одговорност: 30 обучени лица ќе пружат персонализирана грижа за најмалку 100 граѓани, олеснувајќи ги нивните секојдневни потреби.  .Ова не е само услуга – тоа е човечност, солидарност и заедничка грижа. 

Во време кога се соочуваме со стареење на популацијата и одлив на младите, овој проект е конкретен чекор за подобрување на квалитетот на живот. 

   – Со грижа за постарите, ги олеснуваме семејствата и ги поттикнуваме младите да останат во Македонија, градејќи иднина тука. 

Ова не е само проект на општината и на државата  – тоа е наш заеднички успех. Секој од вас е дел од оваа промена, и вашата поддршка е клучна за неговиот успех. 

Заеднички ќе продолжиме да градиме општество кое не ги запоставува најслабите, туку ги поттикнува најдобрите вредности во нас!