
Евроамбасадорот за човекови права Мајкл О’Флаерти на посета во Шуто Оризари, единствената Ромска општина во Европа.

Денес, на наше големо задоволство општина Шуто Оризари беше домаќин на значајна посета од страна на Евроамбасадорот за човекови права на Европската унија, г-дин Мајкл О’Флаерти. За време на средбата детално го информирав амбасадорот за напредокот и позитивните иницијативи што ги спроведува локалната самоуправа како и за предизвиците со кои се соочуваат Ромите во Република Северна Македонија.

Во текот на разговорот градоначалникот Куртоазија Дудуш истакна дека иако општината е пример за културно богатство и заеднички напори за интеграција, ромската заедница сè уште се соочува со системски пречки како што се ограничениот пристап до образование, здравствена заштита и вработување. „Нашата цел е да ги засилиме можностите за младите и да ги подобриме условите за сите граѓани, за кое неопходна е поддршката на меѓународните партнери“, рече Дудуш.

Г-дин О’Флаерти, од своја страна, изрази восхит кон напорите на општината и истакна дека заштитата на човековите права на Ромите останува приоритет за Европската унија. „Вашите искуства и потреби ќе бидат дел од нашите препораки за подобрување на политиките за инклузија. Исто така нагласи дека: без зајакнување на ромската заедница, нема целосен напредок во општеството“, рече тој. Оваа посета ја потврди важноста на меѓусебната соработка и даде нов импулс за решавање на структурните предизвици, оставајќи ветување за продолжени дијалози и конкретни акции од страна на ЕУ.
