Одржан состанок на Советот за превенција при општина Шуто Оризари

Одржан состанок на Советот за превенција при општина Шуто Оризари

Во согласнот со последните случувања во државата, поврзани со пожарот во Кочани и потребата итно да се ревидираат сите постоечки механизми за заштита од пожари и елементарни непогоди на локално ниво, Советот за превенција при општина Шуто Оризари на 26ти март оддржа состанок на кој покрај локалните институции беа присутни и претставници на СВР Сектор за превенција, Командирот на ПО Шуто Оризари и претставници на мисијата на ОБСЕ.

На состанокот се дискутираше за улогите на секоја институција поединечно и потребата од зголемена координација на истите и воедно со цел осигурување дека заедницата е подготвена да се справи со потенцијални ризици, се донесоа следниве заклучоци:

  1. За образовните институции (градинки и училишта):
  2. да се организираат редовни евакуациски вежби (барем еднаш месечно).
  3. да се инсталираат детектори за чад, да се осигура дека противпожарните апарати се достапни и во функција.
  4. да се вклучат образовни програми за учениците за превенција од пожари и однесување при катастрофи.
  5. да се проверат излезите за итни случаи и осигураат дека се слободни и означени.
  6. За локалните институции и јавни објекти:
  7. Да се ажурираат плановите за итни случаи и обезбеди координација со пожарникарите и здравствената заштита.
  8. да се осигура редовно одржување на електричните инсталации и грејни системи.
  9. да се обезбеди пристап до вода за гасење пожари (хидранти, резервоари).

3. За бизнис заедницата (ресторани, кафулиња, продавници):

  • Задолжително инсталирање на противпожарни апарати (минимум 1 по кат, ако се работи за поголем простор мин 1 на 50m2).
  • да се осигура дека вратите за итни случаи се отклучени и означени во текот на работното време.
  • да се обучи персоналот за користење на противпожарна опрема и евакуациски процедури.
  • да се избегне прекумерно оптоварување на електричните кола.
  • За верските објекти (џамии, цркви, храмови):
  • да се провери стабилноста на конструкцијата и заштитата од атмосферски влијанија.
  • да се осигура дека свеќите или други отворени пламени се користат под строг надзор.
  • да се подготви план за евакуација при големи собири и да се објави на видливо место

5. Општи препораки за сите:

  • Пријавувајте ги опасните ситуации на локалните власти.
  • Учествувајте во обуки за прва помош и превентивни кампањи.
  • Редовно одржувајте ги дрвјата и вегетацијата околу објектите за да се намали ризикот од пожари.

Безбедноста на граѓаните на прво место.