mk_MK mk_MK

КУРТО ДУДУШ: ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА ПОЛИЦИСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ Е ИСТОРИСКИ ЧИН

По уредување на имотно-правните односи од страна на Општина Шуто Оризари и во соработка со Министерството за внатрешни работи денеска, после 30 години и за прв пат се пушти во употреба новото полициско одделение.

По предавање на рапортот на Министерот Оливер Спасовски од страна на Командирот на Полициското Одделение г-ин Ќиро Грнчарски, Градоначалникот Курто Дудуш во придружба на Министерот Спасовски  го разгледаа новиот објект и одржаа состанок со раководството на полициското одделение.

По упатувањето кон Општината, Министерот Оливер Спасовски одржа најпрво состанок со Градоначалникот Курто Дудуш, а потоа со ЗПВРМ и со Советот на општината и Советот за превенција при општина Шуто Оризари.

Седница со Општинскиот Советот и со Советот за превенција на Општина Шуто Оризари, на кој присуствуваше и Министерот за внатрешни работи Спасовски и Градоначалникот К. Дудуш, ја отвори Претседателот на Советот г-ѓа Фатима Османовска.

Министерот Спасовски во своето излагање истакна дека обврска на државата е да создаде услови за безбедна средина.

,, Врската меѓу граѓаните и полицијата долго време беше раскината, со што се јави недоверба кон институциите. Повеќе пати сум бил во Шуто Оризари, но сега се чувствува промена во повеќе области, со што се создава слика за модерна  и урбана Општина. МВР инвестираше повеќе од 2 милиони денари за овој објект, бидејќи превенцијата е важна за граѓаните. Сега треба да мотивираме млади луѓе, кои ги исполнуваат условите да се грижат за безбедноста во својата заедница. Честитки за одлуката за формирање на Совет за превенција, и благодарност за поддршката и иницијативата до советниците, невладините организации и граѓаните ”. – истакна Министерот О. Спасовски.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ја искажа својата благодарност до советниците, невладините организации и сите останати чинители на општеството. Тој во своето излагање напомена:

,, Ова е историски чин за време на мојот мандат, за шест месеци стигнавме до реализација на овој проект со поддршка на Општината. Точно е дека се чувствуваат промените, но мозаикот треба уште да го составуваме и тоа сите заедно”.

Претседателот на Советот г-ѓа Фатима Османовска ја затвори седницата и ја искажа својата благодарност до сите присутни.