mk_MK mk_MK

Средба на Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш со Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓоргиевски за време на посетата на општината Шуто Оризари

Published on: јануари 30, 2025 at 2:54 pm

 

На 26.01.2025 година во посета на општината Шуто Оризари беше претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓоргиевски заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Тие од страна на градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш беа запознаени со проблемите на граѓаните, каде имаа и среба и се разговараше за она што им е најпотребно.

За време на посетатаб им беше презентирано и работењето и проекти кои се преземени во за време на мандатот на Курто Дудуш.

Како Претседател на ЗЕЛС тојј даде потстрек и поддршка за ефикасна подготовка на проекти од општината со цел целосно и ефикасно користење на средствата од Владата за инфраструктурни проекти.

На Ш.Оризари и Чаир им е потребно да се направи ново поврзување со што значително би се растеретил и олеснил сообраќајот, тоа беше една од поглавните теми на оваа средба. Потребно е и проширување на булеварот ,,Македонска-косовска бригада”.

Во Шуто Оризари, потребен е и нов културен центар, каде што Градот би помогнал со издвојување на средства од програмата за култура за кој веќе има одредена локација, довршување на партерното уредување на спортстката сала како и уште многу проекти кои, со поддршка новата градска администрација ќе бидат реалност.