mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари ја продолжува соработката со Амбасадата на САД преку потпишување на меморандум за соработка со USAID

Општина Шуто Оризари беше избрана за партнер на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
Овој проект има за цел зголемување на сопствените извори на финансирање, како и надворешно финансирање на општината, зголемено ниво на извршување на буџетот и подобрување на процесот на децентрализација.
Проектот ќе се спроведува во период од 18 месеци со однапред договорен акциски план.