Општина Шуто Оризари беше избрана за партнер на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
Овој проект има за цел зголемување на сопствените извори на финансирање, како и надворешно финансирање на општината, зголемено ниво на извршување на буџетот и подобрување на процесот на децентрализација.
Проектот ќе се спроведува во период од 18 месеци со однапред договорен акциски план.
