ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови на Совет на млади при Општина Шуто Оризари
За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Шуто Оризари, согласно Законот за младинско учество и младински политики објавен во Служен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се објавува ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови на Совет на млади при Општина Шуто Оризари.
Бројот на членови на младинскиот совет на општина Шуто Оризари треба да изнесува 7 (седум) со родова рамноправност.
Членовите на Советот на млади при општина Шуто Оризари имаат мандат од две години со право на реизбор.
Изборот на членови на Советот на млади при Општина Шуто Оризари го прави Локалното собрание на млади, на непосредни избори со тајно гласање.
Аплицирањето по однос на јавниот повик се врши електронски со поднесување на пријава која е составен дел на овој јавен повик и на следниве емаил адреси: shutoorizarilocalyouthcouncil@gmail.com и кај службеникот за млади Орнела Гани: nela.gani97@gmail.com
Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:
• Пријава;
• Мотивационо писмо за учество во Локалниот младински совет;
• CV – со наведени активности и постигнувања во работата со и за млади;
Краен рок: 16 Јануари 2023 година
Доставените пријави нема да бидат разгледувани по истекот на рокот на Јавниот повик.
Кандидатите кои поднеле уредни пријави ќе бидат поканети истите кратко да ги образложат пред членовите на локалното собрание на млади на општина Шуто Оризари по што ќе следува тајно гласање за избор на членови на локалниот младински совет.
2023-01-10