mk_MK mk_MK

Општина Шуто Оризари официјално е дел од РОМАКТЕД програмата.

Со потпишување на меморандумот за соработка помеѓу Советот на Европа, Министерството за труд и социјална политика и Општината, Шуто Оризари официјално е дел од РОМАКТЕД програмата.

Програмата е дизајнирана да гради политичка волја и одржлив ангажман на политиката на локалните власти, да го зајакне демократското локално управување и да изгради капацитет и да го стимулира зајакнувањето на локалните ромски заедници да придонесат во дизајнирањето, имплементацијата и следењето на плановите и проектите.
Општина Шуто Оризари ќе биде посветен партнер во програмата со цел искористување на сите демократски механизми за зголемување на учеството на заедницата во работата на локалната самоуправа.