Соработка помеѓу општина Шуто Оризари и Ромскиот Образовен Фонд – Будимпешта

 

 

 

На 28.05.2020, Градоначалникот на Општина Шуто Оризари оствари средба со Извршниот Директор на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) од Будимпешта, Г-н Реџеп Али Чупи. На средбата беше разговарано за актуелната состојба во општината со пандемијата Ковид 19, положбата на Ромите, можностите за искористување на фондови со цел изготвување на проекти и програми кои ќе помогнат за поефективно решавање на предизвиците на Ромите како и за важноста од преговарање и застапување за ромското прашање пред Европски институции. Општина Шуто Оризари во насока на подобрување на квалитетот на образованието во Шуто Оризари за Ромскиот Образовен Фонд предложи иницијатива за отварање на Семејни Центри за родители и деца како и Кариерни Центри за образование на возрасни. Општина Шуто Оризари ја поздравува иницијативата и заложбата на новото раководство на Ромскиот Образовен Фонд, каде во блиска иднина се очекува соработката се зајакне и прерасне во партнерство во интерес на најранливата категорија на лица во нашата Општина. Во рамките на оваа средба, Во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ кој е имплементиран од двете партнерски невладини организации Ромскиот Ресурсен Центар – Скопје и Асоцијација за демократски развој „Сонце“- Тетово во партнертство со општината Шуто Оризари, беше доделена помош за 136 деца Роми вклучени во предучилишно образование и ран детски развој во општина Шуто Оризари кои се таргетирани со проектот. Покрај пакетите со храна, хигиена и школски прибор, во текот на наредната недела ќе се доделат и 170 таблети за учениците Роми вклучени во прво, второ и трето одделение во О.О.У „Браќа Рамиз-Хамид“,а се дел од програмата за туторска поддршка во рамките на проектот во општината Шуто Оризари. Овој проект е дел од програмата ,,Зголемени образовни можности за ученици Роми и млади Роми во земјите од Западен Балкан и Турција” (RARE) кој е имплементиран од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта.