Доделени 150 таблети за учениците од ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“

 

 

Денес во Општинското основно училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ се доделија 150 електронски уреди (таблети) за ученици од прво до деветто одделение кои посетуваат редовна настава во основното училиште.

Голема благодарност укажале Градоначалникот на Општината Шуто Оризари Курто Дудуш  и Директорот на Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“, г-дин Алвин Салимовски до Фондацијата ,,Песталоци” за доделените 150 таблети за децата од Шуто Оризари кои посетуваат редовна училишна настава.