Општинско Основно Училиште „Браќа Рамиз – Хамид“ – Шуто Оризари, Скопје запишува ученици во прво одделение во учебната 2020/2021 Година

 

 

Почитувани родители, драги наши ученици,

Ве известуваме дека оваа година уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се реализира во согласност со новонастанатата состојба, поради светската пандемија од вирусот COVID-19.

Во прво одделение се запишуваат ученици кои на крајот на клендарската 2020 ќе наполнат 6 години.

По исклучок, во прво одделение може да се запишат деца кои до 31 Јануари наредната година ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и добиено мислење од педагогот и психологот во училиштето.

Уписот започнува на 01.06.2020 година

Прво, потребно е да ја пополните следнава пријава ПРИЈАВА (КЛИКНИ ОВДЕ)

Откога ќе ја пополните потребно е да ја пратите на следниов мејл: prvacinjaooubrh@gmail.com

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ОТКОГА ЌЕ СЕ СОЗДАДАТ УСЛОВИ

(Сите документи  ќе можете да ги доставите во педагошко-психолошката служба, откако ќе се создадат услови за тоа, за што ќе бидете благовремено известени. Треба да бидеме силни и самодисциплинирани, да правиме социјална дистанца, се со цел да го заштитиме сопственото, но и здравјето на другите луѓе).

 

  • Лична карта на родител (фотокопија);
  • Извод од матична книга на родените на ученикот (фотокопија);
  • Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежни здравствени институции (останува во училиште);
  • Потврда од стоматолошки преглед издаден од здравствена установа (останува во училиште).