Одржан состанок на Советот за превенција при општина Шуто Оризари

 

На 24 Март 2020 година се одржа состанок на Советот за превенција при општина Шуто Оризари.
Состанокот го водеше градоначалникот Курто Дудуш и на средбата командирот на полициската станица Сашко Комненовиќ  информираше за новите мерки од страна на Министерството за Внатрешни работи поради вонредната состојба со пандемијата на Корона вирусот Covid 19.

На состанокот присуствуваа и командирот на полициското одделение во општина Шуто Оризари – Киро Грачански, помлад инспектор по ПОС од ПС од ОН Бутел – Виктор Златановски,
Претседателката на општинскиот совет – Фатима Османовска, Советникот за образование на општина Шуто Оризари – Рамиза Сакип, Раководител на Секторот на Локален Економски Развој – Срџан Амет , членови на кризниот штаб  –  Демир Јашар и Тања Крстиќ, советниците од Советот на општина Шуто Оризари – Санела Емин и Неџип Џемаил, директорката на градинката ЈОУГД „8 Април“ – Сонѓул Шабан, преставник од НВО – Амет Јашар, преставник од медиуми и  претставник од ромскиот портал 24 Вакти – Сали Мемед.