Илјада заштитни маски и ракавици за граѓаните на Општина Шуто Оризари

 

Општина Шуто Оризари набави 1000 заштитни маски и 1000 ракавици на 19 Март 2020 година.

Четири мобилни тимови ги поделија на постари граѓани од општината и на семејствата со кои живеат.

Знаеме дека потребата е поголема и правиме напори да одговориме на сите ваши потреби, молиме на трпение додека да ни стигне следната нарачка.

Вашето здравје е наш приоритет број 1!

Во меѓувреме седете си дома за да може да ве најдеме следен пат кога ќе сме на терен.