Шест главни (основни) проекти за изградба на атмосферска канализациона мрежа во урбаниот дел на Општина Шуто Оризари

Во Општина Шуто Оризари, во рамки на делот урбанизам, во согласност со предвидените средства, изготвени се вкупно 6 основни (главни) проекти со ревизија за изградба на атмосферска канализацииона мрежа за следните улици: по дел од улица ,,Нов живот”, ул. Гарсија Лорка, по дел од ул. Вашингтонска, по дел од ул. Гвадалахара, ул. Че Ге Вара, по дел од ул. Индира Ганди.

Преку е-одобрение за градба, во тек е постапка за изработка на одбрение за градба.

Реконструираната атмосферска канализациона мрежа ќе води кон унапредување и заштита на животната средина и ќе спречи формирање на септички јами и загадени води.

Целта на изготвените проектите е преку инвестиции во капитални проекти да се подобрат условите во делот на улична инфраструктура во Шуто Оризари.