mk_MK mk_MK

ПРОЕКТ ЗА ТУТОРСКА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

НВО Амбрела и Центарот за социјална интеграција и подршка – Македонија (Social Integration & Empowerment Centre’s – Мacedonia) во партнерство со основните училишта на територија на Општина Шуто Оризари и во соработка со локалната самоуправа ја започна имплементацијата на проектот за туторска подршка на ученици од основните училишта.

Општина Шуто Оризари, во рамки на овој проект, финансиски подржан од Ромскиот Образовен Фонд,  потпиша меморандум за соработка со цел обезбедување на круцијална поддршка од сите локални клучни актери за непречено спроведување на проектните активности.

Исто така, проектниот тим одржа координативен состанок со туторите, образовните медијатори, со директорите на училиштата и информативна средба за запознавање меѓу учениците и туторите со цел воспоставување на директна врска со засегнатите страни и целната група, претставување и утврдување на методите и средствата за работа и размена на искуства и идеи за поефективно делување.

Сите проектни активности, согласно нивната временска рамка, синхронизирано се спроведуваат со логистичка поддршка на локалната самоуправа, советничката на образование на Општина Шуто Оризари – Рамиза Сакип, училиштата и проектниот тим.