Фатима Османовска: Жените од Општина Шуто Оризари мора да имаат матичен гинеколог во својата општина и ќе го добијат најскоро можно!

Претседателот на Совет на Општина Шуто Оризари г-ѓа Фатима Османовска вчера одржа координативен состанок со д-р. Душко Филиповски – Претседател на Здружение на приватни гинеколози – акушери во Р.С. Македонија во врска со преселувањето на докторката – гинеколог од Поликлиниката во Шуто Оризари.

На состанокот беше дискутиран новонастанатиот предизвик со кои се соочуваат жените од Шуто Оризари по преселувањето на матичниот гинеколог, но и здравствените предизвиците кои се одразуваат врз жените во репродуктивниот период како резултат од немање на пристап до гинеколошки прегледи.

На средбата беше заклучено дека сите клучни институции надлежни за решавање на новонастанатата ситуација, вклучувајќи ја локалната самоуправа, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, невладините организации и лекарската фела, мора заедно и интензивно да соработуваат за решавање на еден од најголемите здравствени предизвици со кои се соочуваат жените во Општина Шуто Оризари.