Завршен настан: Презентација на локална младинска стратегија за Општина Шуто Оризари, во рамки на проектот Вклучени и Активни млади

Општина Шуто Оризари, учествуваше на завршниот настан за презентација на локалната младинска стратегија, во рамки на проектот Вклучени и Активни млади имплементиран од Здружение на граѓани Ромаверзитас во Шуто Оризари, под-грант на Проектот за младинско изразување спроведуван од Младински образовен форум, Центарот за балканска соработка – Љоја и Младински сојуз Крушево, финансиски поддржан од Европската Унија.

На настанот се обратија г-а Фатима Османовска – Претседател на Совет на Општина Шуто Оризари, г-дин Срџан Амен – Автор на локалната младинска стратегија, г-а Сеара Сулејман – Претставник на здружение на граѓани Ромаверзитас и г-а Стефани Спировска – Претседател на Младински Образовен Форум – Скопје.

Oпштина Шуто Оризари, во рамки на проектот ,,Вклучени и Активни млади’’, со цел да се потикнат младите од Шуто Оризари да бидат активни за младински прашања и воедно да бидат активно вклучени во процеси на креирање на локални младински политики, воспостави соработка со З.Г. Ромаверзитас во рамки на проектот Вклучени и Активни млади .

Претседателката на Општинскиот Совет г-а Фатима Османовска во своето излагање напомена дека локалната младинска стретегија е на општината, но пред се е на младите од Шуто Оризари, кои исто така треба да се вклучат во нејзината имплементација и евалуација. Воедно, овој стратешки документ дојде во вистинско време кога Советот на општината донесе одлука и за формирање на локалниот младински совет. Г-а Фатима Османовска ги повика младите и останатите клучни актери да препознаат партнер во локалната самоуправа за заедничко иплементирање на стратегијата.

Локалната самоуправа во процесот, интензивно ги вложи своите човечки ресурси во методите за изготвување на анализа на потребите и проблемите на младите, учествуваше со свои претставници во работните групи кои ја изготвија локалната младинска стратегија и обезбеди просторни капацитети за спроведување на активностите на работните групи. Општина Шуто Оризари  придонесе кон  проценка на потребите на младите, промовирање и застапување на младинските потреби и интереси, планирање и спроведување на активности, со единствена цел за унапредување на состојбата и улогата на младите во Општината.

Г-дин Срџан Амет – автор на локалната младинска стратегија, ја презентираше општината, даде фокус на стратешките цели на локалната самоуправа, на методологијата за изготвување на стратегијата, визијата, вредностите, стратешките области и финансискиот план на документот.

На крајот од настанот за учесниците од работилниците во рамки на проектот им беа доделени сертификати.