Општина Шуто Оризари учестуваше на Работна средба: Наоди од Картата со оцена од заедницата за 2019 година

Општина Шуто Оризари, на 23.01.2020, во организација на Иницијативата на жени од Шуто Оризари и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување учестуваше на работна средба за споделување на наодите од Картата со оцена на заедницата за 2019 година за пристап до услугите за репродуктивно здравје на жените Ромки од Шуто Оризари во период на бременост, за време на породувањето и во првите месеци од мајчинството.

Целта на средбата беше да се претстават главните наоди од Картата со оцена на
заедницата за 2019 година и препораките на заедницата, пред матичните гинеколози и
патронажни сестри чии услуги се оценети преку оваа методологија, како и да се отвори
дискусија помеѓу претставниците од заедницата, давателите на услуги и клучните
здравствени институции за можностите за подобрување на репродуктивното здравје и услуги
на жените Ромки од Шуто Оризари во период на бременост, за време на породувањето и во
првите месеци од мајчинството.

На настанот г-а Салија Бекир Халим – параправничка и теренска работничка ги претстави наодите и препораките од Картата со оценка на заедницата. Настанот заврши со Отворена дискусија за клучни предизвици и следни чекори.