mk_MK mk_MK

Интензивни градежни активности во Шуто Оризари : Поставени се 59 сообраќајни столбови, реконструкција на ул. Мелничка и нова фекална канализација во с. Горно Оризари

Вкупно 59 конусно – портокалови сообраќајни столбови се поставени во Општина Шуто Оризари, со цел спречување на непрописно паркирање на јавни површини и улици и почитување на сообраќајните правила.

Поставената сообраќајна сигнализација е особено важна за сообраќајната безбедност и за спречување на сообраќајниот застој.

Воедно, во Општина Шуто Оризари се изведуваат градежни работи за реконструкција на ул. Мелничка, во должина од 586 метри.
Уличната реконструкција е финансиски подржана од Владата на Р. Северна Македонија.

Исто така, село Горно Оризари, доби нова фекална канализација, која се гради од крак 1 до крак 13, кои ќе се поврзуваат со крак 1 на градската канализациона мрежа.
Новата фекална канализација ќе спречи формирање на септички јами, загадени води и ќе придонесе кон заштита на животната средина.