Градоначалникот Курто Дудуш, Оливер Спасовски, Санела Шкријељ – заменик министер за труд и социјална политика итно излегоа на терен по пожарот во Шуто Оризари

По дојава за пожар, во близина на спортската сала во Шуто Оризари, Градоначникот Курто Дудуш, техничкиот премиер Оливер Спасовски, заменик министерката за труд и социјална политика, општинската администрација и советниците на Општина Шуто Оризари, итно, излегоа на терен за вршење на увид во oпожарената состојба.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски изрази длабоко сочуство кон семејствата на загинатите, градоначалникот на општината и граѓаните. Тој истакна дека, надлежните институции ќе излезат во пресрет на семејствата со помош при домување и со финансиска подршка. Воедно, тој истакна дека ова укажува на неопходноста од подобрување во инфраструктурата со цел намалување на идни потенцијални пожари.

Градоначалникот Курто Дудуш, итно ги мобилизираше сите клучни актери кои се надлежни. Исто така, тој лично изрази, најдлабоко сочуство и жалење кон семејствата и роднините на загинатите. Градоначалникот Курто Дудуш понуди отворена, контиунирана помош за семејствата и насочување на сите капацитети на локално и национално ниво за побрзо решавање на прашањето со домување на семејствата.

Советот на Општината Шуто Оризари, веднаш ќе одржи, вондредна седница во повод на случувањата.
За време на пожарот се загинале две деца.