mk_MK mk_MK

ОТВОРЕНА ЕДУКАТИВНА ПАТЕКА ЗА УЧЕНИЦИ – НОВ МЕТОД ЗА УЧЕЊЕ СПОРЕД МОДЕРНА ТЕХНОЛОГИЈА ВО О.У. БРАЌА РАМИЗ И ХАМИД

Денеска директорот на О.У. Браќа Рамиз и Хамид, Алвин Салимовски ја отвори презентацијата на новата едукативна патека лоцирана во дел од училишниот двор, чија што цел е искористување и озеленување на училишниот простор за рекреативни активности.

Едукативните патеки се современ и практичен метод за учење според сите модерните технологии чија што цел е поттикнување на методот – учење преку игра. Едукативната патека во О.У. ,,Браќа Рамиз и Хамид”  располага со неколку катчиња одбележани според насока кон која ученикот треба да се движи. Овој метод делува стимулативно врз психомоторниот развој на учениците и желбата за учење.

Во реализацијата на овој проект биле вклучени и учениците од училиштето кои се важени актери во зачување на животната средина.

На отворање присуствуваше советничката за образование на Општина Шуто Оризари Размиза Сакип, претставници од фондации, невладини организации, ученици, наставници и останати претставници од релевантни институции.