mk_MK mk_MK

ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ УЧЕСТВУВА НА ОБУКА ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Согласно планот за обуки на ЗЕЛС (Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија) – изготвен документ согласно потребите на општините, од областа на локален економски развој, денеска во ЗЕЛС тренинг центарот, беше имплементирана обука за стратешко планирање наменета за локални самоуправи.

Претставник на обуката од Општина Шуто Оризари беше раководителот на одделението за локален економски развој  – Срџан Амет.

Обуката за стратешко планирање како важен процес за успех и развој на локалните самоуправи имаше за цел да обезбеди инструмент за јасно дефинирање на приоритети и цели во насока на подобрување на системот на функционирање на општините и насочување на истиот кон решавање на клучни прашања во интерес на граѓаните.